Поголема пофалба за Заев од исказот на Груевски не можам да замислам!

12.06.2015 02:19
Поголема пофалба за Заев од исказот на Груевски не можам да замислам!

Поголема пофалба за Заев од исказот на Груевски не можам да замислам!

Вели: „Заев дојде да не се договори. Дојде со такви изградени ставови што воглавно му ги градат други луѓе блиски до СДСМ, дали се тоа претставници на невладини организации, дали се тоа универзитетски професори или уредници на весници… Тие му ги градат ставовите, доаѓа со тоа и прави сè за да не се договори. Затоа што договорот ќе значи чист пат до избори на кои тој ќе треба да се соочи со народ, не само со Никола Груевски. Треба да се соочи со 2 милиони гласачи и да ја добие нивната доверба.“

Прво прашање кое се наметнува е кој му ги гради ставовите на Груевски? Ако не се невладини (како претставници на граѓаните), професори (како учители на граѓаните), уредници на весници (како луѓе кои ги собираат информациите од терен), тогаш врз основа на што создава мислење Груевски? Ги вади идеите од својот мал мозок? Ни го пласира она што ќе му се сони навечер?

Второ, тие невладини, професори, уредници на весници кои го градат ставот на Заев, тоа се дел од оние 2 милиони, или се некои други, дојдени од страна?

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Александар Ковачевски