Тереза Ханивел

13.06.15 15:37

Американската уметница Тереза Ханивел која живее и работи во Вашингтон во своите дела се посветува на разбивање на мачоистичките стереотипи изразени преку традиционално маскулинистичките предмети. Таа одбира играчки и предмети кои обично ја имаат етикетата „машки“ и им додава феминистичка нишка, изработувајќи ги со плетење и везење.

Шрафцигерите, клештите, моторите, пушките и пиштолите, кои се „машки“, Ханивел ги „омекнува“ преку начинот на изработка. Ако оружјето и алатите речиси без исклучок се поврзуваат со машкиот пол, плетењето и везењето се доминантно женски активности.

Комбинирајќи ги „машките“ предмети со „женските“ активности, Тереза Ханивел ја преиспитува и нарушува границата помеѓу традиционалните социјални конструкти.

Извор: theresahoneywell.com

ОкоБоли главаВицФото