Антони Пешев - чисто курвање!

15.06.2015 13:23
Антони Пешев - чисто курвање!

Го слушам Антони Пешев на Топ Тема на Телма и не ми се верува што слушам! Екс министерот за информации во владата на Бранко Црвенковски од 90-ите, сега газда на компанија за ИТ технологија (која работи за сите министерства, болници, школи, агенции, судови, полициски станици итн.), во емисијата кај Чом ја брани владата: победила на фер избори, добро владеела,само малце забегала во последно време и тоа како последица на тоа што опозицијата немала идеи?!?!

На сите директни прашања на Чом за криминалите на оваа власт Пешев беше воздржан, дури го бранеше и Груевски за Мерцедесот од 600.000 евра, можеби го купил од безбедносни причини?!

Чом не викнал преставник на опозицијата. Емисијава била очигледно замислена како контра одговор на интервјуто со Петар Гошев, да се реваншира Телма кон режимот, еве Гошев ги плукаше па затоа го викнавме Антони Пешев да ја брани владата.

Што да се каже за оваа емисија и што да се каже за Антони Пешев?! Во интерес на неговото семејство и неговите 100 вработени во неговата фирма УЛТРА (која цица пари од буџетот за проекти), тој нè правеше луди сите останати 2 милиона народ, па ни држеше лекции по капитализам додека тој самиот работи 90% за владата! И ја бранеше власта, иако таа е сè само не капиталистички и пазарно ориентирана!

Што да се каже за човек кој бил министер од СДСМ а сега плука по СДСМ, што да се каже за човек кој брани ваков режим! Колку бре вакви ги има во земја!? Колку монструми спремни заради своето лепче да плукаат во сите нас и да го аминуваат теророт кој овој режим ни го прави!?

Гревот на Антони Пешев е голем! Тој не е глуп и знае што прави! Тој не е измамен! Тој има бизнис интерес за да се прави будала! Ова е чисто КУРВАЊЕ, то ест ПРОСТИТУИРАЊЕ, само за големи милиони! Принципиелно, Антони Пешев е ништо повеќе од скапа курва која има висока цена, нешто во стилот на онаа плавушата што ја бембаше цел тим на Баерн Минхен, па после се испостави дека немала ни 18 години.

Срамно и жално беше да се гледа емисијата на Телма од пред некој ден. Човек со 50 години во газот и над 25 години во јавниот живот, бил и министер а сега ја преставува Стопанска комора, да се бламира така бедно и јадно... Очај и јад е ова, драги мои, ОЧАЈ И ЈАД!!!

Слика: Свирачиња

Извор: Мактел