Бомба #38: „Твојот зеде 100.000 евра за работа во Чаир“

17.06.2015 10:51

Разговор помеѓу Али Ахмети и Беќир Асани

АА: Со здравје, добар?
БА: Добар. Добар.
АА: Дома сите добри?
БА: Добри се.
АА: Браќата?
БА: Поминуваме некако.
АА: Е па добро.
БА: Ти благодарам.
АА: Сакав да кажам… ако може да извадите 1.000 за метар квадрат, добро е…
БА: Ќе разговараме ние малку со тој. Сега е во Турција, тој што е заинтересиран, и доколку успееме, ќе биде добро. Мислам дека не вреди да ја задржиме.
АА: Со 1.000 ич не прашувај.

БА: Ок, шеф.
АА: Слободно.
БА: Важи.
АА: После ќе видиме. Важно е добра соработка.
БА: Вреди.
АА: Да, вреди.
БА: Не се малку.
АА: Колку можеш да му ја фрлиш, фрли му ја.
БА: Ок шефе.
АА: Изет не знае. Му реков, прашај го Беќо, он знае како.
БА: Само да се врати од Турција. Он беше загреан да го земе.
АА: Вие ќе му кажете дека као ќе биде тешко да ме убедите мене….
БА: Ќе завршиме….
АА: Ама ќе завршиме… (се смее) ...ќе биде добро.

Разговор помеѓу Али Ахмети и Никола Груевски

АА: Ало, добровечер?
НГ: Ало, добровечер.
АА: Како си ми?
НГ: Добар, Св. Никола е, па гости малце и така.
АА: Еееее...
НГ: Името ми е денеска, именден ми е денеска.
АА: Ало?
НГ: Ало, ме слушаш?
АА: Да, сега да.
НГ: Викам именден ми е денеска, па гости малце и така.
АА: А, име.
НГ: Да, како си ти?
АА: Добро, добро.
НГ: Ја те барав за една работа. Имаме мака... ааа... нели кога се правеше законот за легализација на дивоградби, а и кога ја праевме и Владата, ти ми рече ако некој во иднина прави дивоградби, терај, не му дозволувај, рушиш. Така?
АА: Така е.
НГ: И така заклучивме и на Влада.
АА: Испадна на тоа...
НГ: Е сега, утре треба некои две згради, ама неизградени згради, еден-два ката само изградени, да се срушат во Чаир.
АА: Аха.
НГ: Тие дигнаа тешка узбуна.
АА: Аха.
НГ: Не знам шо да праам. Треба помош од тебе.
АА: Во Чаир се?
НГ: Во Чаир се, да.
АА: Аха.
НГ: На диво се почнати, сега се почнати пред едно четири-пет месеци да се градат. Значи, после законот за денационализација, за легализација. После законот и за утре сабајле у шест саат закажано е рушење. И сега сите твои се јавуваат кај министерот за транспорт, дека тоа политички ќе било лошо за нив, за ДУИ и така натаму. Сега, ние во наши општини, кај можеме рушиме и ќе испадне дека само во едни се руши, во други не се руши. Не знам шо да направам. Од друга страна, па да не напраат некој инцидент, некако да се чуеш, да видиш, да кажеш дека заеднички сме го договориле тоа. Значи, таму се стаени темели, приземје и први кат, не е изградена..
АА: Ако е во прашање тоа пред амбасадата, да, да, тука е, пред амбасадата. Американска амбасада, тука е..
НГ: Не го спорат дека е диво, значи Муса се видел со Миле, министерот за транспорт, и му рекол дека не го спори дека така е законски, него овој рекол политички. И сега, нели законите треба да се почитуваат секаде и не знам шо да направам сега. Сакам тебе да те чујам, пошто јас тоа со тебе сум го договорил. Не сум го договорил со Муса.
АА: Да, да. Ја разговарав и со Муса, тој бараше да разговараме утре, да не се делува пред Новата Година. И јас мислам дека политички ние не губиме ништо, политички добиваме.
НГ: Да и ја така мислам. Ние кај што рушевме, добивме.
АА: Да, не знам дали?
НГ: Еве, мое искуство да ти кажам, ние рушевме на повеќе места, сегде добивме. И после бевме три пати на избори и три пати нè гласаа таму.
АА: И ја мислим, во принцип не губиме ништо.
Дали може малку да се менаџира, да не си нешто, јас сум против овие работи.
НГ: Мхм.. Ти си против да… Не те разбрав... против што си? Да, знам.
АА: Јас сум против дивоградбите.
НГ: Исто и јас.
АА: ..да се рушат..
АА: Ако е потребно едно село нека оди, ако е незаконски.

Разговор помеѓу Муса Џафери и Беќир Асани

БА: Повели шефе?
МЏ: Разговарав сега, утре имаме и седница на влада, за да го тргнеме овој будалава, и треба да разговараме, бидејќи правеле планови и за во други градови, да идат оваа недела.
БА: Да, а?
МЏ: Ама оваа работа што ја направи пред 6 недели, тој другар му на Изет, од Гостивар, знаеш за кој...
БА: Да.
МЏ: Ние некои работи политички ги оставаме така, на облаци негде…
БА: Јас на тој Сафет Изети, денес му реков, првиот што ќе му е*бам матер , да го убијам со калашников, е тој.
МЏ: Сега не сакам… олади малку, остај ги тие разговори бидејќи сум во канцеларија кај овој пријателов…
ама од тогаш кога ни „влезе вода“ знаев дека ќе ни излезе вака „бело“. Ме разбираш ли?
БА: Аха.
МЏ: Ај ќе те барам подоцна.
БА: Ајде.

Разговор помеѓу Муса Џафери и Беќир Асани

БА: Ало.
МЏ: Што правиш?
БА: Еве. Како си шефе?
МЏ: Добар. Ти?
БА: Се умори ли?
МЏ: Да ти кажам право, да. Нервозен сум.
БА: Зошто нервозен?
МЏ: Со све. Што све нема. Ти? Што има ново?
БА: Ништо, работиме.
МЏ: Инаку?
БА: Те барав, да видам да не си се чул со овој од транспорт.
МЏ: Сум зборел со овој заменикот, да разјасни. Ми вети дека ќе збори со неговиот, да направи средба. Немам информација до сега, бидејќи бев по комисии и целосно сум излезен од шините. Ќе пробам сам со тој од транспорт. И така работиме на овој законот и правилникот… финансии, транспорт.
БА: Ако можеш сам…
МЏ: Имаш информација кога се враќа градоначалников?
БА: Се вратил. Денеска се сретна со овој од транспорт, ама се сретнале за плоштадот… ова, она… дали ќе се влезе ваму таму, пред избори, после избори..
МЏ: На транспорт… со Миле се сретнал?
БА: Се сретнал за плоштадот.
МЏ: Да, да, ама важно се сретнал.
БА: Се договориле овој да размисли за дозволата до понеделник да ја даде, ама сака да се чепка во Чаир.
МЏ: Дозволата за плоштадот кога ќе му ја даде?
БА: Му рекол до понеделник и ќе му каже.
МЏ: Понеделник. Понеделник имам средба со Премиерот, за некои други работи, ќе пробам да го добијам по телефон овој „ЛЕГЕНОТ“ Министер за транспорт.
БА: Добро би било во понеделник да се разговора за да се појасни…
МЏ: Не, во понеделник се гледам со тој другиот.
БА: Нему кажи му тргни се од таму, што мајка бараш таму… бидејќи ако влеземе во тоа, кој знае кај ќе излезе…
МЏ: Секако, секако. Ако цела држава имаме проблем со буџетот, сега не можеме да ги переме преку Чаир и Тетово. И на Тетово му опнале.
БА: Што направиле во Тетово?
МЏ: Нашле некој објект, не знам каде… го блокирале, му ги земале парите на човекот.

БА: Не се само парите, туку ќе ни направат проблеми.
МЏ: Да де, ги иритираат луѓето. Ок, за секој случај јави ми, не верувам дека ќе има некоја музика, ама јави ми… во контакт сме.
БА: Ајде.
МЏ: Ајде, поздрав.

Разговор помеѓу Муса Џафери и Беќир Асани

БА: Ало?
МЏ: Ало. Што правиш?
БА: Еве, другар. Како си?
МЏ: Си легнал да спиеш?
БА: Не бе.
МЏ: Спиј, спиј.
МЏ: Еј.
БА: Повели.
МЏ: Го барале претседателот овие… бидејќи ми се јавија…
БА: Да?
МЏ: Претседателот го барал претседателот на ВМРО… кај Абдулаќим, преку него, преку Артан.
БА: Да, а?
МЏ: Изгледа за оваа работа, ама зборував малку со претседателот.
БА: Мхм.
МЏ: Тој младичот отишол кај тој, јас го пратив… и не може да ја пресече таа работа… не може бидејќи влегол во тоа и не знае како да се извлече.
БА: Аха.
МЏ: Ама криво ми е зошто мене не ми се јавија тие… тие твоите браќа, другарите твои…
БА: Да им ебеш матер… сум ти кажал, без да им ебеш матер на Албанците не те викаат татко.

МЏ: Не бе, не... бидејќи овие другиве…
БА: Тука е проблемот… тие го бараат Абдулаќим, а овој требал да му каже, за мојот ресор слободно прашај нешто, ама за таа работа со вице-премиерот, политички, таму јави се.
МЏ: Да бе, така е, само очекував… бидејќи коректни ми се комуникациите…

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и соговорник

НН: Да.
ГЈ: Ало, Апостол, добровечер, да не спиеш?
НН: Не, гледам некоја емисија.
ГЈ: Добро, не е многу касно. Знаеш зашо те барам? Абе овие индијанциве у Чаир имале некој објект и градежен инспекторат побарал да го рушиме, односно да го рушат, ние да бараме асистенција, утре.
НН: Добро.
ГЈ: Ама нешо не им е доорганизирано како што треба. И сега таму знаеш како, тие се племе, ако дадеме асистенција, а не се заврши работата, проблем ќе биде. Зборев еднаш со Миле, тоа е у Чаир некоја зграда шо се гради, јас сега не ги знам, ама претпоставувам.
НН: …и сега некаде кај америчката амбасада да не е некој објект?
ГЈ: Епа да не е тоа, у Чаир е тоа, така?
НН: Да, кај американската амбасада, горе е на француски гробишта?
ГЈ: Да де, да, тоа општина Чаир по план е, така? Најверојатно е тоа, некој објект што бил спрат и... еден спрат бил готов, едниот спрат не бил готов.
НН: Добро.
ГЈ: И сега. А овие од инспекторатот не се спремни да го срушат. Тоа е проблемот. И сега знаеш, ние ќе отидеме, ќе ни се соберат Шиптари. Па зборевме со Миле, транспорт, да не го рушат утре, и они нема да се појават, ама да знаат и нашиве да не правиме трошоци. Да не го рушат утре, да се спремни од инспекторатов, после Нова Година да го рушат.
НН: Некој ми има кажано за министеров наш, иначе, он се јавува, се интересира за таа работа.
ГЈ: Он знае, пошто тие се ептен индијанци. Тој што е негова зградава, е нивни некој, од ДУИ командант и важно ради тоа овие треба да си се спремат, ко шо треба, не е работата само да отидеме таму, да ни се соберат шиптарана, а они да не го срушат објектот.
НН: Така.

ГЈ: Знаеш, не можеш да го срушиш со чекани, таму треба да го рушат ко шо треба, да го рушат, а не се спремни за така. И подобро е да не одиме утре, пошто знаеш какви се тие, племе, ќе се соберат, ќе протестираат, нас ќе ни напраат проблеми.
НН: Договорено, договорено. Ќе го одложам тоа одењето.
ГЈ: Знаеш, нека не се појават, да не правиме трошоци, а после кога ќе си се спреми инспекторатов и ќе се преслушаме убаво, и тогаш ќе дадеме асистенција. Вака без врска само нас ќе нè наместат и ќе ни протестираат шиптаранава.
НН: Во ред, министерке, како мислите, ако е така, така ќе направиме, ќе се договориме тогаш. Јас многу внимание не му дадов, пошто и други настани имавме... и така да…
ГЈ: Да де, да.
НН: Знам дека јавил, дека почнал да се интересира за тоа и така…
ГЈ: Не знам, он мене не ми се јавува, јас со Миле заедно на... бевме сега и пошто таму, мислам ги знаеш какви се они, не можеш на крај да излезеш, сме ги збореле сто пати.

Разговор помеѓу Беќир Асани и Али Ахмети

БА: На работа си денес или не?
АА: Денес е празник, независноста.
БА: Празник на независноста на РМ.
АА: Аха.
БА: Многу добро. Тогаш утре наутро кога ќе дојдеш на работа би сакале да се сретнеме малку, јас ти и Изет (Меџити) ако има можност, ако не ………. (не се доискажува)
АА: Добро де. После, зашто имам една средба во Влада, значи попладне околу 16:30, кога ќе излезам јас од таму ќе се сретнеме кај „ШКУПИ“.
БА: Имаш (средба) со НГ или со овие нашите?
АА: Со НГ.
БА: Токму поради тоа е добро да ……. (не се доискажува) одлучиле да не нè остават раат во Чаир, прават галама на сите страни.
АА: Што прават?
БА: Откако се затворија некои работи целосно, тој сега кренал „прашина“ во Чаир за тоа спроти Амбасадата (на САД). Тие почнале да кречат, тој им го зел имотниот лист, им ја вратил процедурата, сега без врска му текнало, крева прашина за 5 дена да им го земат имотниот лист.
АА: Аха.
БА: Доколку ти рече тој нешто, ако крева прашина, ти речи му тоа, тоа и тоа, ваква е работата, доколку ти рече нешто слободно кажи му „твојот зеде 100.000 евра за работа во Чаир“, зашто тој Сашо Мијалков што беше директор, тој зеде 100 000 евра , ти кажав тогаш.

АА: Аха, аха.
БА: Ама треба да ни помогнеш тука.
АА: Доколку го покрене, ќе разговарам, ако не, тогаш ќе ја тераме преку тие другите.
БА: ОК. Тогаш добро е да се видиме кога ќе излезеш од таму. Тој не верувам дека ќе го покрене, но ти не е лошо да му кажеш еден збор.
АА. Аха. Ќе ја покренеме преку тие од транспорт после.
БА: Тој ги прави проблемите, зашто таа директорката ги затвори сите процедури, сега Министерот за транспорт со наредба на Премиерот влегол.
АА: Аха. Ајде, откако ќе се сретнам јас ќе се видиме и ќе ја видиме оваа работа.
БА: ОК. Ние ќе почнеме од вечер со работа на Собранието на Огранокот.
АА: Добро де.
БА: Денес ќе го имаме првиот состанок на месните совети и ограноци и од денес ќе ја формираме работната група, но ќе ве информираме со записник.
АА: Добро.

Разговор помеѓу Али Ахмети и Артан Груби

АГ: Со овој дечково зборев малку. Со Ваљон. Тој ми ги спомнува Турците цело време.
АА: Добро.
АГ: Рече дека имале целосна документација, понудата е добра, коректна, на овие другите им фалело документација. Им дале уште малку шанса да ја дополнат документацијата, да ја дополнат документацијата, па да се отворат и да се реши кој е подобар.
АА: Аха.
АГ: Јас малку го отворив муабетот, па му велам овие Норвежаните би требало да бидат подобри.
АА: Аха.
АГ: Можеби, ми вика, да видиме, рече не е важно кој, важно е да се реализира.
АА: Важно е кој ќе го реализира.
АГ: Јас намерно го чепнав малку, бидејќи Мухамед од Алсат ми вели дека ни пропаднала слободната економска зона во Тетово. Ми вика не… Турците се тука… јас му велам, како бе Турците, нели Норвежаните треба да бидат. Вели дека Турците имале добра понуда, на Норвежаните им фалат документи, и потоа да ги отворат на транспарентен начин да видиме кој е најдобар.
АА: Аха.
АГ: Едно два-три пати му ги спомнав, ама дали… не знам.

Разговор помеѓу Артан Груби и Али Ахмети

АГ: Уште нешто Претседателе, заборави прееска. Со овој дечкото се сретнав. Овој Ваљон се сретнал со Ферик, отишол да му бара мислење како да направи со слободните економски зони. И дискутирале, овој му рекол, што имам јас со таа работа, не се разбирам во тоа… ама муабетот бил дека Норвежаните отпаднале и дека е завршена работата со Турците.
АА: Што е завршено?
АГ: Разговорите со Турците се завршени.
АА: Според кого?
АГ: Според Мухамед… од разговорите помеѓу Ферик и Ваљон. Ваљон отишол кај Ферик и му рекол ваква ми е ситуацијата, што да правам… така ми рече Мухамед. Он му рекол не можам да те советувам за таа работа, немам врска за такви работи. Тој му кажал дека Турците имаат подобра понуда, Норвежаните испаднале. Норвежаните е Хаки, овој… Значи дека ова е завршена работа, се решил за Турците, Ваљон.
АА: Не.
АГ: Јас не го продолжив разговорот…
АА: Не, не.

Разговор помеѓу Муса Џафери и Али Ахмети

МЏ: Не се чу, не му кажа на Абдулаќим да збориме со овие утре… за ова како се викаат…овие, ешалони…
АА: Ешалонки.
МЏ: Шалонка… стана безвезе.
АА: Шалом, шалом.
МЏ: Шалом, шалом… да ги средиме некако… да ги ставиме во вреќа.
АА: Да, да, му реков.
МЏ: Не се трпи, не се трпи веќе.
АА: Овој дечково… Фатмир, ми изгледаше некако… не го разбирам.
МЏ: Уморен, разочаран… или како?
АА: Разочаран, несигурен… не знам.
МЏ: Го фатило инат него, го умориле три години.
АА: Мхм.
МЏ: Он станал, бара принципи, како треба.
АА: Па не можеш да ги смениш тие… има закон како функционира владата.
МЏ: Има, има… ама на пример, заменик премиерот за економски прашања функционира политички, нема законски ингеренции… само таа работа е ко-владение, му дава можност да ги координира ресорите, да се меша, ова-она.
АА: Аха.
МЏ: Оптеретен е, оптеретен е многу… и мене еден ден ми кажува приказни… не сакам да го стеснам,… за тебе вели, ама не сакам да нè потценуваат, да нè понижуваат и да нè исклучуваат… сигурно и тебе ти се пожалил.
АА: Да де.

Разговор помеѓу Али Ахмети и Муса Џафери

АА: Ти се допаднаа ресорите?
МЏ: Не сакав да зборам, бидејќи мислат… не можам да ги слушам… го виде оној, вели, ништо не е Локална самоуправа… ми пукна... да му кажам колку пати си бил ти министер таму… умрев.
АА: Е.
МЏ: Ако ја реализираме програмата што ја имаме со овие сега, таму има перспектива, ако се работи. Ако не се работи, ниеден ресор не го бива.
АА: Да де.
МЏ: Ја жалат социјална работа… а зошто не ја жалеле за овие три години?
АА: Да им ја ебам социјална работа…

МЏ: Зошто не ја побарале, да работат, да се ангажираат… била добра сега.
АА: И министерството за образование…
МЏ: И таа била добра. И што има таму добро… во образование.
АА: Да де.
МЏ: Училишта… Информатика со администрација, не знам, се отвори околу тоа разговор, или не сакаа воопшто да ја отворат таа работа.

Разговор помеѓу Али Ахмети и Муса Џафери

МЏ : „Шкопи“ ми вели ќе има некое ли министерство… му реков, за тие работи не ме прашувај, не ме интересира, и не знам ништо.
АА: Мхм.
МЏ: Му реков стапот (шкопи) не е само Чаир, има Сарај, Студеничани, Арачиново, Хасан бег... Добри Дол… како беа, Радуша, Бреза е во Скопје…
АА: И Мустафа.
МЏ: Бреза сака едно добро место за него… многу добро дете… он излегол најхрабар од сите овој пат…ме убеди во тоа, овие од кај „Шкопи“ сакале во НД (Нова Демократија) да го однесат… ми вели за инат јас влегов тука… сакаа да ме избркаат во НД.
Никуштак беше… чекај, не Никуштак… од кај беше овој директор на пошта... кај Мсуси.
АА: Он беше..
МЏ: Го заборавив…Карпош ли… А Никиштани, Никиштани…
АА: Да, Никиштани.
МЏ: Знаев дека е со Н… А ова ќеркава Жаклина што пее Албански добро, заборавив што професија има?
АА: Ја имаме ли „Мајка Тереза“? Сме ја земале?
МЏ: Сме ја земале „Мајка Тереза“, како не.
АА: Па таму.
МЏ: Сме ја земале и оваа Национална галерија во Стара чаршија…
АА: Аха.
МЏ: Сме го земале и Театарот за деца и млади… мешан е тој… ама изгледа сме го земале и Артан Груби…

АА: Мхм… И Самоопределување сме го земале..
МЏ: Ама стварно, си размислил ли за тоа дете… каде, не е тој така лесен да се стави во шини.
АА: Мхм.
МЏ: Тој е како оној коњот на Шемо, ти текнува, без самар.
АА: Газот 1 метар.
МЏ: И одма нагоре нозете…. ама „Шкопи“ го имал во проект, ама сега не им излегол добро…
АА: Аха.
МЏ: Бил погрешна инвестиција… така велат.
АА: Мхм.

Разговор помеѓу Али Ахмети и Тахир Хани

АА: Здраво, како си?
ТХ: Е, како си?
АА: Добро, добро. Вие?
ТХ: Со здравје? Уморен ли?
АА: Малку, по малку.
ТХ: Малку, по малку, а? Добро.
АА: Вие добро?
ТХ: Добро, добро… денес имав средба со Миле Јанакиески и ги разговаравме проблемите во Министерство за транспорт. Тој нема спремност за унапредувања воопшто, нема спремност.
Второ, не води сметка за комисиите и за правичната застапеност, и трето, од аспект на проектите кои се во наша сфера, од програмата на ДУИ се на најниско можно ниво.
Во Агенцијата за државни патишта, некаде околу 80% го скратил буџетот за нашите проекти. Ние можеме да сметаме само на 15-20 милиони денари инвестиции во 2012 година.
АА: Мхм.
ТХ: Проектот кој вие го промовиравте, Тетово-Призрен, на секој собир, целосно е тргнат од дневен ред.

АА: Стави на писмено и прати му ја на Муса Џафери, за Премиер…
ТХ: Јас писмено ќе му пратам…
АА: Тој писмено да побара на дневен ред на Влада да се дискутираат позициите и соработката во Министерство за транспорт.
ТХ: Ок, договорено.
АА: Едно по едно напиши ги, и Муса Џафери ќе биде натеран да стави на дневен ред соработката во Владата.
ТХ: Ок. Јас сè ќе ставам на писмено и ќе му го пратам на Муса…ОК.
АА: Да, да.
ТХ: Договорено.
АА: Тоа треба да влезе на дневен ред во Влада.
ТХ: За три милиони денари проектот кој вие сте го промовирале е тргнат од дневен ред. И му реков нему, Али Ахмети на секој собир го промовирал Тетово-Призрен. За три милиони денари сте го тргнале.
АА: Така ќе направиме.
ТХ: Ок. Така ќе направам.
АА: Ајде се слушаме
ТХ: Се, слушаме.

Разговор помеѓу Џеват Адеми и Али Ахмети

АА: Ало.
ЏА: Другар, како си?
АА: Добро.
ЏА: Дали си добар?
АА: Добар, добар.
ЏА: Со здравје?
АА: Добар. Добар.
ЏА: Ние имаме една средба на комитетот… јас те побарав прееска да ти се пожалам.
АА: Аха.
ЏА: Ми се јави Вулнет и деканот на Филозофски факултет.
АА: Мхм.
ЏА: Жал ми е што морам да ти кажам, ама Агрон дали намерно го прави ова или игра некоја игра, не знам. Што значи, основната грешка. Ангажирањето на професори не го прави продеканот за образовни прашања, туку му го препуштил на Адем Беадини, неписмениот секретар на ДУТ. Ова е принципелната страна. Практичната страна, за која ме замоли и Вулнет и Фехари да те запознаам дека, со предлог на Адем Беадини, а после ќе ти објаснам што рекол тој будала, ја избркале од работа жена му на „Балисти“, Сара. Магистер по Психологија, ќерка на д-р Шани, комшии ми се на 5 метри од мене, жена му на Армир.
Вчера го избркаа Ејуп, пред некој ден еден друг. Овие сакаат да го исчистат ДУТ од ДУИ.

Разговор помеѓу Али Ахмети и Беќир Асани

АА: Ало.
БА: Претседателе, како си?
АА: Добро. Добро. Што има?
БА: Се умори ли? Топло ли е?
АА: Малку. Малку.
БА: Да не те вознемирувам многу. Ти кажав оној ден за Фатмир каква е состојбата. Тој го разрешил, овој директорот му ја скршил канцеларијата. Го отстранил од таму целосно. Ти кажав зошто е важен да остане таму уште еден месец. Веќе два дена го барам Гајур, ми вели во Тетово е, не ми излегува пред очи.
АА: Именувал некој друг таму?
БА: Именувал еден од Тетово. Не знам кого. Нека го постави после месец и пол, не е важно кого. Ама овој ни треба додека не заврши судскиот процес.
АА: Аха.
БА: Барем додека почне процесот.
АА: Ајде, сега ќе му се јавам.
БА: Ако има можност.
АА: Ќе му се јавам, ќе му се јавам.
БА: Ајде.

Разговор помеѓу Али Ахмети и Артан Груби

АГ: Добро, вчера излегов со Бујар и со Мухамед Зекири, разговаравме, ова-она… ОК, добро, за денес, а денес ми праќа порака, вели не треба да имаме прес конференција. Му се јавува цело време, не ми дига телефон. Реков да пратиме некој пратеник или Абдулаќим.
АА: Аха.
АГ: Најавена и закажана ни е прес конференцијата.
АА: А зошто се попишманил Бујар?
АГ: Па не знам. Вчера беше доста разочаран.
АА: Зошто?
АГ: Со односите со овие од Чаир… му се закануваат, ова-она, заради неговите амбиции за локалните избори… што сè немало, што сè не ми кажа… на неговите пријатели им праќале инспекции, УЈП… и беше многу, многу…

Разговор помеѓу Муса Џафери и Фатмир Бесими

МЏ: Ало.
ФБ: Ало.
МЏ: Еј, ова беше отворена средба или затворена?
ФБ: Затворена. Сега почна.
МЏ: Аха. Неџати го сретнав. Ме извади од памет за некои разговори.
ФБ: Кој?
МЏ: Што сте направиле таму. Неџати Јакупи.
ФБ: Што?
МЏ: Па ми кажа што сте правеле во Америка.
ФБ: Аха.
МЏ: Со Тадиќ.
ФБ: Не му верувај нему.
МЏ: Си се сретнал со Тадиќ , таму.
ФБ: Да.
МЏ: Да?
ФБ: Да, да.
МЏ: Ок. Ајде.
ФБ: Ајде.

Разговор помеѓу Муса Џафери и соговорник

МЏ: Треба да го пратат наваму, изгледа заборавиле.
НН: Не е проблем.
МЏ: Како видов на вести, треба да биде овој конгресменот Смит, овој со кого се сретна Баша, сигурно е тој…
НН: Е тој е, тој.
МЏ: Смит, видов на вести, што се сретнал овој Лулзим Баѓа со него.
НН: Следниот пат кога ќе се сретнеме со него ќе разговараме…
МЏ: Сакав да му се заблагодарам, за да направиме контакт… да не остане.
НН: Апсолутно… така треба.
МЏ: Да не испадне дека сум незаинтересиран… ми се јави по телефон.
НН: Така.
МЏ: Там-Там Смит… Марк Милош…
НН: Марк Милоши.
МЏ: Он директно ми кажа, зборуваше германски… и дека има словенско потекло… сакав да му кажам… остај тоа, поцрн сум од тебе….
НН: И јас сум таков…
МЏ: По каур од каурите.

Разговор помеѓу Муса Џафери и Али Ахмети

МЏ: Што има, некоја вест, нешто?
АА: Не сум слушнал нешто, не знам.
МЏ: Овие новините ги видов таму, кандидатурите на Струга.
АА: Што велат тие?
МЏ: Навистина е тој Лиман Мурати? Или го ставаат овие да го изгорат?
АА: Го ставаат да го изгорат. Кој беше друг?
МЏ: Овој. Според ЖУРНАЛ видов, не знам дали направиле.
АА: Кои се тие?
МЏ: Актуелниот Претседател (Рамиз Мерко) и Мурат.
АА: Тој е мајмун. Тој не ги повикал месните совети да направат предлози.
МЏ: Како што прочитав, видов дека намерно е направен Мурат.
АА: Аха.
МЏ: Има лек таа работа.
АА: Има лек, ќе им ја вратиме назад (листата со кандидати), ќе им речеме месните совети нека предложат (кандидати) како секаде.
МЏ: Не, не, не чини да се остави така, зашто тој ни направи 100 проблеми.
АА: Да де.
МЏ: Нè скара со сите луѓе.
АА: Да де.

Извор: СДСМ/Либертас