Најголемата фарма за сончева енергија во Франција

18.06.2015 09:50
Најголемата фарма за сончева енергија во Франција

На ридовите на Ла Кол де Ме, висорамнина на југот од Франција, се наоѓа соларната фарма е Ле Ме. Со вкупно 112.000 соларни модули распоредени на 200 хектари земјиште, ова е најголемата соларна фарма во Франција која генерира 100 MW чиста енергија, доволно снабдува 12.000 француски домови со електрична енергија.

Со оглед на тоа дека се наоѓа на надморска височина од 800 метри и дека воздухот во овој дел на Франција е многу чист, фармата генерира за околу 10 до 15 отсто енергија повеќе од сличните проекти на други локации.

Покрај тоа што генерира чиста енергија (без штетни емисии), соларната фарма Ле Ме има многу мало негативно влијание врз околината. Панелите се инсталирани без положување бетонски темели кои би ја уништиле тревата, па така по две децении, кога панелите ќе се отстранат, ридовите и тревата ќе останат недопрени.

Извор: pixelizam.com

ОкоБоли главаВицФото