Фантастичните предмети на Фрида Кало

19.06.2015 02:12
Фантастичните предмети на Фрида Кало

Откако Фрида Кало починала во 1954 година, нејзиниот сопруг, сликарот Диего Ривера, ги затворил работите кои ѝ припаѓале во бањата од нивниот дом во Мексико Сити, познат како Blue House. Барал просторијата да остане заклучена уште 15 години по неговата смрт. Таа просторија е отворена дури во 2004 година и тогаш настанале фотографиите кои ги потпишува Ишиучи Мијако, а на кои се гледаат секојдневните предмети кои славната сликарка ги користела и ги обележала со својот дух.

Изложбата на тие фотографии под наслов „Фрида“ се отвори на 14 мај во лондонската галерија „Мајкл Хопен“ и ќе биде отворена до 12 јули.

Претставуваме мал преглед на предметите што ѝ припаѓале на Фрида Кало.

Класични мачкести очила за сонце.

Десната нога на Фрида Кало била потенка, како последица на преболената детска парализа, а подоцна истата нога била скршена на 11 места кога таа доживеала тешка автобуска несреќа во своите 20-ти години. Поради тоа носела долги, традиционални фустани кои ѝ го прикривале долниот дел од телото.

Чизми со ресички; десната има надополнета пета.

Пудриера.

„Orchids to You“ на Ревлон и друг лак за нокти.

Костим за капење.

По автобуската несреќа, целото тело на Кало било во гипс три месеци, а таа чувствувала болки до крајот на животот. Сама го сликала гипсот и корсетите, претворајќи ги од медицински помагала во уметнички дела.

Пријателите на Фрида Кало забележале дека колку повеќе болки имала и колку повеќе станувала немоќна, нејзините модни креации биле побогато украсени.

Ногата на Фрида Кало е ампутирана во 1953 година. Сама ја дизајнирала протезата за ногата - со црвена чизма украсена со вез и ѕвончиња.

Еден од корсетите што ги носела Кало.

Здолниште од зелена свила прицврстено за корсетот.

Извор: The Guardian

ОкоБоли главаВицФото