Архитектонска психопатологија

10.03.2010 14:00
grcev-mart-2010.jpg

Архитектонските факти се можеби најбогатите ризници на податоци за општествата во кои се создадени.

И во современите цивилизации „читањето“ на архитектонските факти во некои ситуации може да обезбеди појасен и подлабок увид во вистинските мотиви за нивното градење, како и во вистинските состојби на општествата во кои настанале. Тоа особено важи за државните згради и споменици во автократски режими, во простори заситени од државно-пропагандни лаги: таму архитектурата станува единствен искрен исказ на власта и материјален сведок за состојбата на духот на владетелите. Тогаш, во неволја, архитектурата и скулптурата стануваат симптоми на болеста на авторитарната власт. Имплицитно, тие стануваат и симптоми на степенот на затруеност и затапеност на населението кое ја поддржува или трпи таа власт, и конечно, симптоми на една општествена психосоцијална патологија.

Македонците денес живеат буквално заглушени од државната пропаганда: секој поединечен исказ на владините гласноговорници е лага! Ова редундантно лажење е вешто укалкулирано од владините советници за пропаганда, зашто просечниот човек, колку и да е итар, со инстинктот за самоодржување како да мора да верува во добар дел од лагата во која се дави. Единствените искрени искази на нашата инфантилно лажлива власт се зградите и скулптурите што грозничаво и забревтано ги гради како да страда од градителска колера. За толкувањето на овие творби - тие весници на неволјата - се неопходни историски аналогии, јасни историски вистини, ослободени од пристрасноста на денот.

Сите ретроградни деспотии имаат заеднички именител: се откажуваат од сопствениот идентитет во полза на нов, измислен. Тие ја бришат единствената позната, кодифицирана историја на нацијата и го бараат новиот идентитет, потеклото на народот, симболите и јунаците во далечното нестварно митолошко минато. Хитлер, на пример, го преземал нацистичкиот поздрав од средновековниот германски крал Фредерик Барбароса, кој оваа кореографија ја преземал од античкото римско царство. Железниот крст е преземен од убиствениот и харизматичен ред на крстоносците Темплари. Орелот во грбот и комплетот државни инсигнии, банери и амблеми Хитлер ги преземал од римските цезари. За свастиката, амблемот на националсоцијалистичката партија, посегнал уште подлабоко во туѓо минато. Таа е веројатно најдинамичниот, најмоќниот и најпрегнантниот геометриски симбол во историјата, познат уште во неолитот, а широко користен од најстарите култури на индиските, кинеските и егејските простори. Идејата за ариевската раса на надлуѓе потекнува исто така од средниот исток, од предперсиското племе Арии (во значење: надлуѓе) од кои се сметало дека потекнува санскритот и сите индоевропски јазици.

Обредната кореографија, симболиката на знаците, а најмногу од сè - архитектурата, Хитлер ги третирал со страст и посветеност, како најважни државни приоритети. Архитектурата била инспирирана од доминантните улични оски, колонадите и куполите на римската империја, и овие мотиви - хипертрофирани во гигантски размери, биле бесконечно мултиплицирани во нацистичка Германија.

Независната Држава на Хрватите, тој најмонструозен приврзок на нацистичка Германија, не успеа да продуцира архитектура - веројатно поради презафатеност со истребување на српското население и Евреите, но (за нас Македонците особено интересно) успеа да го смени идентитетот на нацијата „докажувајќи“ го несловенското потекло на Хрватите. Според етногенетичарите на Анте Павелиќ, Хрватите потекнуваат од Иран, од источно персиската провинција која во времето на Дарие и Ксеркс се викала Харауватија!

Садам Хусеин, веројатно најподатниот пример на современ деспот, својот поглед наназад го фокусирал на месопотамската цивилизација и на едно од најславните царства во историјата - Вавилонското царство. Садам размислувал сосем логично, оти врската меѓу денешните Ирачани и Месопотамците од пред 3000 години е исто толку веродостојна како нашата и грчката поврзаност со Македонците на Александар Велики. Елем, една од првите градителски одлуки на модерниот деспот била да ја „обнови“ кралската палата на Набукодоносор Втори во глинестите урнатини на некогаш величествениот Вавилон. Начинот на „обновување“ бил идентичен со нашата современа државна метода: без податоци за вистинскиот изглед на некогашната палата, но со многу ентузијазам во измислувањето на историската новоградба!

Второ заедничко својство на модерните деспотии е мегаломанската архитектура и скулптура. Дали причина за ова е малограѓанскиот кичерски вкус на деспотите или можеби се работи за нивно инстинктивно сознание дека големината, а не убавината, најмногу ги фасцинира простите народни маси, или двете заедно, ќе остане за одгатнување. Како и да е, државните згради на овие режими се првин големи, а потоа сè друго. Малоумната идеја дека физичката големина е најсилна порака сама за себе, и дека таа е способна да пренесе и пораки за духовното и културното, во деспотиите станува тажно вистинита. Димензиите на партиско-државниот крст на Водно и на споменикот на Букефал на плоштадот Македонија се докази дека истата психосоцијална патологија владее и со македонското општество.

Нарачувајќи му го на Шпер проектот за новата Канцеларија на Рајхот, Хитлер му нагласил дека сака архитектонски простори кои „ќе ги импресионираат луѓето“. Оваа нарачка резултирала со Канцеларија долга 400 метри, во која приемната галерија на Фирерот била долга 145 метри, а неговиот личен кабинет бил со површина од 400 квадратни метри! Неизградената Народна хала или Хала на славата била инспирирана, според Шпер, од Адријановиот Пантеон во Рим, и била проектирана како огромна купола со дијаметар од 250 метри, поставена на гранитен подиум од 315/315 метри, вкупно висока над 300 метри (колку што се стокатниците на Груевски)!

Насетувајќи ја сопствената пропаст во форма на трагикомичен победнички триумф, Садам отпочнал со изградба на најголемата џамија на светот во 1998 година - Садамовата џамија, која е и денес во изградба под името Алрахманова џамија. Џамијата е во форма на централна купола опкружена со осум помали куполи, значи осмоаголник впишан во круг со пречник од 250 метри и височина од околу 140 метри - сосем доволно да претствува пропусница со која Садам од бесилка веројатно влегол директно во рајот.


Деспотите секогаш декларираат лажен мотив за изградба на нивните згради и споменици, било да се работи за верски или за профани објекти. Вистинска причина за дијареичното градење се секогаш „козјите уши на кралот“; тоа е јавната тајна која несопирливо и бесрамно протекува и засмрдува од нивната кич „архитектура и уметност“. Се’ што прават деспотите, прават за себе, за својот гигантски егоизам и суета, за својата единствена хипертрофирана страст - за својата апсолутна власт. Грандоманската архитектура и уметност го храни егото на деспотите и го лечи нивниот комплекс на инфериорност. Но, државниот кич ја „храни“ и социопатијата на разочараната средна класа и лумпенпролетаријатот, врз чии чувства на пониженост деспотите се искачиле на власт!

Некој можеби ќе забележи дека споредбата на Груевски со Хитлер и Садам е несоодветна и претерана. Тоа би било точно ако ги споредуваме појавите по нивната големина или малигност. Секому е јасно дека тие згради се поголеми од нашите и дека тие режими биле, за наша среќа, многу позастрашувачки од нашиот. Но суштината на вистинската аналогија е што таа воспоставува корисни и илустративни сличности на едно подлабоко структурално ниво. Нашите и деспотските споменици се изградени од исти мотиви, тие се производ на иста состојба на духот, тие се, значи, симптоми на иста психосоцијална патологија на општеството! Нема сомнеж дека владините проекти се симптом на тешка болест, на национал-социјалистичка состојба на духот која можеби нема потенцијал да стане смртоносна како во нацистичка Германија или Ирак, но може да биде доволно смртоносна за нашата кревка држава и болежлива демократија.

Извор: Сега, 14.05.2009.

Слики: Michaël Borremans

Normal 0 false false

Normal
0

false
false
false

MicrosoftInternetExplorer4

st1\:*{behavior:url(#ieooui) }

/* Style Definitions */
table.MsoNormalTable
{mso-style-name:"Table Normal";
mso-tstyle-rowband-size:0;
mso-tstyle-colband-size:0;
mso-style-noshow:yes;
mso-style-parent:"";
mso-padding-alt:0cm 5.4pt 0cm 5.4pt;
mso-para-margin:0cm;
mso-para-margin-bottom:.0001pt;
mso-pagination:widow-orphan;
font-size:10.0pt;
font-family:"Times New Roman";
mso-ansi-language:#0400;
mso-fareast-language:#0400;
mso-bidi-language:#0400;}

Normal
0

false
false
false

MicrosoftInternetExplorer4

/* Style Definitions */
table.MsoNormalTable
{mso-style-name:"Table Normal";
mso-tstyle-rowband-size:0;
mso-tstyle-colband-size:0;
mso-style-noshow:yes;
mso-style-parent:"";
mso-padding-alt:0cm 5.4pt 0cm 5.4pt;
mso-para-margin:0cm;
mso-para-margin-bottom:.0001pt;
mso-pagination:widow-orphan;
font-size:10.0pt;
font-family:"Times New Roman";
mso-ansi-language:#0400;
mso-fareast-language:#0400;
mso-bidi-language:#0400;}

Kakov pedagog i profesor e Grcev koga povikuva na podelba na Makedonija i go pottcenuva albanskiot narod. Albanskiot narod vo denesno vreme se skoluva i studira, pa moze da procenuva. Saka da gi izlaze deka ako dojde toj na vlast ke vcrtal markicka za dzamija, a samite vidoa deka gi crtal oficerskiot dom i bankata na konkursniot trud. Nieden od Albancite ne strajkuvase protiv crkva, kako sto strajkuvase Grcev. Najcesto nacinot na kritikata se odnesuva za nesigurnosti na licnosta koja komentira. Treba da gi pocituva i drugite religii i da ne povikuva na religiozna omraza pomegu zitelite na Skopje, tuku na valoriziranje na vrednostite na kulturnoto nasledstvo.

Слични содржини

Јавни простори / Историја
Општество / Јавни простори
Општество / Јавни простори
Јавни простори / Став
Јавни простори / Став
Јавни простори / Став

ОкоБоли главаВицФото