Möon Берлин: Одржлива мода

23.06.2015 01:39
Möon Берлин: Одржлива мода

Модната индустрија, а особено големите брендови како H&M, Primark, C&A итн. често се појавуваат во медиумите поради ужасните услови за производство на нивната облека, додека побарувачката за одржливи производи и животен стил кој ги штеди ресурсите е во постојан пораст во светот

Крајно време беше и продавниците за облека да понудат одржливи производи и модни додатоци. Продавницата Möon на Естер и Соња отворена во Берлин кон крајот на 2014 година има цел да обезбеди „одржлив начин на облекување“ и да ги научи потрошувачите нешто повеќе за „одржливата мода“.

Од кога функционра Möon?

Од декември минатата година, значи не толку одамна. Всушност, се запознавме преку наши пријатели, нема толку добра приказна (се смее). Естер е социолог, а јас имам подлабоки корени во модата, соосновач сум на Konk од пред неколку години. И двете имаме деца и сега кога тие малку пораснаа, решивме да отвориме сопствена продавница. Не бев заинтересирана само за продавање нормална облека. Ако гледате како луѓето купуваат органска храна, а носат токсични патики, почнувате да се чудите. Еден мој пријател порано работеше во агенција која промовираше одржливи брендови и помислив дека треба да постои продавница што нема просто да продава парчиња облека, туку ќе промовира алишта кои изгледаат модерно, а истовремено се и одржливи и со достапна цена.

Веќе кажавте нешто за вашата продавница, но можете ли повторно да нè запознаете со концептот на Möon?

Соња: Одржливост. Секој бренд што го продаваме мора да биде одржлив на еден или друг начин, со „fair-trade“, направен од органски памук, кожата да е обоена без токсини итн. Исто така, парчињата облека мора да изгледаат добро, да бидат модерни, посебни или безвременски на некој начин.

Како ги наоѓате соодветните брендови за продавницата?

Соња: Многу истражувам. Всушност, пребарував на интернет со син ми на мојата града. Забележав продавница во која се продаваше одржлива облека и се обидов самата да дознаам повеќе за брендовите што ги продаваат.

Естер: Тие всушност доаѓаат од секаде во светот. Австралија, Нов Зеланд, Холандија, Шпанија, Италија.

Соња: Сертификатот што многу од нив го имаат се вика GOTS или Fairtrade, можете да се потпрете на нив.

Дали ваквиот вид мода е поскап од другите алишта?

Соња: Па, зависи од тоа со што го споредувате. На пример, People Tree имаат многу разумни цени, иако една блуза чини 70 евра.

Естер: Дефинитивно можете да најдете поевтино, но нема да ја има истата вредност.

Соња: Евтините производи или брендови им наштетуваат на други луѓе или на околината, тоа е факт, а нашите производи не го прават тоа.

Каде се произведени повеќето парчиња?

Естер: Најголем дел се произведени во Европа. Стоката од Нов Зеланд доаѓа од Азија, но тие исто така се произведени во пристојни услови.

Соња: Често се произведуваат во задруги. На пример, чевлите се произведени во Гватемала. Жените ги изработуваат во заедница што добро им плаќа, додека истовремено им нудат грижа за децата.

Дали живеете одржливо и надвор од светот на модата?

Естер: Да, исто така купуваме храна на тој начин. Ако можете да се идентификувате со концептот, зошто да не го примените истото и на облеката? Зошто некој да страда од моите лоши потрошувачки навики?

Соња: Мислам дека тоа е големо прашање сега, забележуваме дека малку луѓе размислуваат за тоа. Исто така, имаме многу муштерии кои штотуку почнале. Муштериите се прилично заинтересирани и се враќаат. Кај луѓето се развива свеста.

Кои се вашите омилени брендови?

Соња: Чевлите од Osborn и патиките на Veja се продаваат многу добро. Исто така ми се допаѓа Kowtow, речиси се распродадени. Ги имаме и Alas, тие имаат сертификат. Тие всушност произведуваат облека за навечер, но мислам дека нивните парчиња облека можат да се носат и преку ден. Исто така имаме парчиња за мажи. Чантите се од Oh My Bag од Амстердам. Понатаму, имаме работи од Bhalo, Toino Abel, CUS и Kita.

Извор: ignant.de

ОкоБоли главаВицФото