Мет Панаска

23.06.15 14:32

Во старите времиња Мет Панаска веројатно би бил некој вид шаман. Но, овој њујорчанец живее денес во Бруклин и создава слики кои навистина изгледаат како да се создадени од креативен ум од друго време и простор.

Очигледно е големото влијание од митологијата на нордиските и културите од далечнот исток, како и инспирацијата од Вилијам Блејк, Хирошиге и Лиза Френк. Референците и стиловите од класичното сликарство се комбинирани со дигиталната психоделија.

Панаска Изработувал илустрации за клиенти како The New Yorker, The New York Times, Lucky Peach и Pitchfork Review, но според многумина, најдобриот дел од неговото творештво се неговите лични уметнички дела кои не се изработени по нарачка.

Извор: www.itsnicethat.com

ОкоБоли главаВицФото