1021 hPa
62 %

13 °C
Скопје - Нед, 22.06.2025 03:59
Чудно име и уште почуден „предмет“. Откако кринолината се појавила на модната сцена кон средината на 1800-тите, речиси и немало дама што не посакувала да ја носи.
Таа го добила името од зборот krin, крут материјал направен од коњски влакна и платно. Но, тој материјал не го давал обликот на кринолината, туку обликот направен од коски или челик.
Ова парче облека се појавило во модата во триесеттите години на 19-от век, кога викторијанските фустани сè повеќе почнале да растат во ширина. Сепак, за да се постигне посакуваниот волумен на здолништето, преку ваквите кринолини се носеле и повеќе од шест други штиркани здолништа.
По 1865 година кринолината го менува обликот, ѕвонестата форма се издолжува назад, па здолништето станува порамно напред, а побујно позади.
Тоа доведува до целосно исрлување на кринолината од употреба по 1870 година.
Извор: radiosarajevo.ba