Зафрканции за јогата, а ни збор за мешањето на МПЦ и државата?!

24.06.2015 08:29
Зафрканции за јогата, а ни збор за мешањето на МПЦ и државата?!

Фејсбук е многу интересен медиум како детектор на лаги, цинизам и лицемерие. Има луѓе кои претходно збор не кажале, ама баш ништо не кажале за репресијата што се случува во општеството на ниедна тема, ама кога е некоја очигледна заебанција како изјавата на МПЦ за јогата, тогаш први се спрдаат тотално (не)свесни дека тоа што збор не кажале претходно за ниедно злосторство е директно поврзано и кулминира со малоумните изјави на МПЦ и дека тоа воопшто не е случајно.

Збор да не се каже дека црквата се меша со државата, па сега ќе се спрдаме со очигледни небулози дека забраниле јога? Ако ги следиме прогресивно изјавите и постапките на МПЦ во низа после јогата ќе следат инструкции за однесување по дома. Ете така прогресира злото, од молчење, цинизам и игнорација на многу поочигледни неправди, до тоа да забрануваат јога.

Јогата е симбол на забраната - од предлог идејата за изградба на црква на плоштадот, изградба на црква на јавен простор, на државно земјиште, до забрана за вежбање јога. Најверојатно така функционира човечката слабост, се спрда на очигледни баналости што и мало дете ќе ги забележи, а замижува на големи очигледни трагедии на што би требало да реагира секој совесен граѓанин. Оти, ај кажи нешто аргументирано дека си против изградба на верски објект на плоштадот, ќе те скапат верниците во твоето семејство, ќе нема каде да се скриеш, а пак, од каде да знаат тие верници во семејството дека тоа не е удар врз верниците и нивното право да веруваат, туку врз врската на државата и црквата која со устав не е дозволена!

И така, во овие навистина мрачни времиња, навистина ме нервира неодговорно лицемерие!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња