Мрачни десерти

26.06.15 16:18

Во светот постојат голем број луѓе кои истовремено имаат страст и кон чоколадото и кон облеката. Британската уметница Шарлот Бејли ги спојува овие две страсти на еден „здрав начин“: наместо да ги јаде разните чоколада, таа ги везе нивните логоа, со мала иронична промена во нивните имиња.

Извезените парчиња се полни со емоционално набиени пораки кои нè потсетуваат на сериозноста на проблемот со прекумерното јадење. Бејли ни укажува на страшниот поттекст кој е секогаш присутен: секогаш ни порачуваат да купуваме повеќе, дека ни треба повеќе. Без оглед на привлечното пакување на производот кое шири оптимизам и потрошувачко задоволство, секогаш сме оставени во ситуација да бараме уште и уште.

Со своите везови, Шарлот Бејли на остроумен, па дури и црнохуморен начин предупредува на потенцијалните опасности од конзумеристичката опсесија.

Извор: hangingbyathreadembroidery.wordpress.com

ОкоБоли главаВицФото