Автомобилот-скулптура што доби казна за погрешно паркирање

26.06.2015 16:43
Автомобилот-скулптура што доби казна за погрешно паркирање

Минатата недела, „погрешно паркираната“ уметничка инсталација во германскиот град Карлсруе доби казна од 30 евра. Истегнатиот камион Мерцедес MB100D е дело на австрискиот уметник Ервин Вурм, кој е познат по своите скулптури на дисторзирани возила.

Скулптурата-инсталација е поставена по повод 300-годишнината од роденденот на градот и е дисторзирана за го прикаже „секојдневието од друга перспектива“.

Ервин Вурм е роден 1954 година и живее во Виена и Либерг, Австрија. Во книгата „Уметникот кој го проголта светот“ на Хатје Канц, стои и следниот цитат од Вурм: „Заинтересиран сум за секојдневниот живот. Сите материјали што ме опкружуваат можат да бидат корисни, како и предметите, темите вклучени во современото општество. Моето дело зборува за целиот ентитет на човечкото постоење: физичкото, духовното, психолошкото и политичкото.“

Извор: erwinwurm.at

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото