Крадат град

11.03.2010 12:50
tomislav-osmanli-kradat-grad3.jpg

Покрај тоа што е екстериоризација на менталниот пејзаж на Водачот, визуелизацијата на Центарот е плацдарм за крадење квадрати во новите, кич габарити од бетон, стaкло и од споменична бронза. Тоа е рецептот на Архитектурата за Финансиско Усреќување на членовите на Фамилијата (скратено АФУФ), а митоманско на масите. Така овде и сега провинцијалци лажат дека градат; во суштина тие крадат град. Едните крадеа без да градат, овие градат ли, крадат.

07.02.10, Facebook профил на авторот

Крадат град

Во 3-Д приказната „Скопје 2014“ воопшто не станува збор за овој град. Нејзините предлагачи немале намера да зборуваат за овој град бидејќи тие веројатно не го познаваат, но сигурно е дека не го сакаат. Она што тие го сакаат е некој нивен имагинарен град на местото на Скопје. Сигурно е дека тие го посакуваат неговиот простор. Во критичкиот дискурс низ нашите медиуми веќе беше речено: „визијата“ за Скопје потсетува на Ахшабад денес, на Берлин од помпезните обесчовечени визии на Алберт Шпер во 40-те... Таа анимација за Скопје по четири години мене ме потсетува на градот од стрипот „Далечната планета“ (The Trigan Empire) од стара „Панорама“, во кој постои една цивилизација што познава нови футуристички летала, но едновремено негува имиџ сличен на староримскиот империјализам, со помпезна архитектура од јавни згради со јонски колонади и булевари за паради со тешки триумфални капии, во една заедница која, патем, по многу борби за власт, отуѓеност и агресивност, самата се уништила... Понекогаш ми се чини дека авторот на концептот го читал овој стрип како дете, а ние сме жртва на неговата погрешна перцепција и идентификација. Така, концептот на „Скопје 2014“ се однесува на сон позајмен од стар стрип од 60-те и на една од невкус, отуѓеност и агресивност, уништена цивилизација.

Таа визија полна со наполеонски кич, псевдо-ампир, квази барок, беспричински триумфализам и новокомпонирана сецесија претставува еден галиматијас во вкусот на нејзиниот автор или автори. Фала му на бога, не сум единствениот што со индигнација одбива да живее во урбанистичкиот простор на нечија „цезарионска“ фрустрација. Сепак, разочаран сум од интелектуалците кои тоа го прифаќаат претворени во неискрени гласноговорници на носителите на овие визии. Пред наши очи, архитекти, модерни музичари, замолчени естетичари, писатели и теоретичари на литературата и на уметноста за времетраење од една пропагандна емисија си ги згазија долгогодишните дела и кредибилитети, сни за Скопје со душа, гласно или срамежливо бранејќи еден ноторен, помпезен кич.

Се прашувам која е вистинската мерка за присуство на минатото во иднината? Верувам, онаа што од непостоење ќе врати капитални објекти и цел еден град со своја меморија, човечки лик, жив колорит и спонтана мешавина од стилови во кои се огледуваат и дијалогизираат средновековната, ориенталната и минатовековната архитектура, а не да го претвора во тоталитарно ретро од градби со стилови и знаци, сосем туѓи на Скопје. Скопје го губи својот genius loci.

Кога неговиот легендарен градител Јосиф Михајловиќ, почнувајќи од доцните 20-ти, го претвора Скопје од касаба во град со европска организација, градби и функции, тој тоа го прави почитувајќи го идентитетот и духот на местото. Почитувајќи ги мерките и човечките димензии. Затоа скопјани се вљубија во својот некогашен град. Не случајно тој град стои во нивните чувства и визија. Како што тој се уриваше и, како што сега наполно се одродува, тие го презираат неговиот безвкусно преобликуван центар зашто чувствуваат дека го губат својот несовршен, но топол предел со човечки мерки и заживуваат во туѓо место, во град од нечија апсолутистичка визија.

„Капитал“, 25.02.10.


Одземен дух и простор

Не знам каква порака Скопје ќе зрачи во подалечната иднина, мене сега ме преокупира прашањето каква енергија зрачи денес.
А денес Скопје зрачи пораки на невкус и централистички волунтаризам, Се остварат ли овие пораки, Скопје нема да зрачи ништо во наредните децении, освен една тивка приказна за тоа како е уништен центарот на еден град од една државна власт и од нејзините епигони, што дел ја поддржуваат, а дел академски молчат. Тој молк ќе биде пораката за урбанистичката иднина на градот со одземен дух, вкус, идентитет и физички простор.

„Нова Македонија”, 24.02.2010.

 сликите се од стрипот The Trigan Empire од авторот Don Lawrence

Крадат град

Ние и кинезите 2 милијарди. Според визијата на повеќето од коментаторите на Скопје 2014 и трагачите по автентичен, личен, оригинален центар на овој километарски распослан град е да оставиме едно поле, онака поголемо. Нешто како Тјананмен плоштадот, па да може по потреба и слика да закачиме и ако затреба тенкче кругче за сврти. Наместо на луѓе и личности, за да не се караме да поставиме споменици на магариња како рикаат, коњи како пасат и какаат, кози кои брстат шуми итн. Се веќе видено и многу лесно можеме да повлечеме паралели со денешните случувања. И наместо Александар, да туриме споменик на „кубурот“ на тронот на квази македонската персонификација. Ама не кубур како кубур, ами негова точна поставеност во задникот на луѓето кои наместо својата визија за овој град, листаат Вујаклија и прават споредби со нивните Орвелови визии на наши градови.
чук! чук! не знам дали приметивте ама 70% од зградите во центарот беа речиси завршени, кога беше пуштена фамозната Скопје 2014 презентација. Доволно искрено кон себе е да се запрашате што коментирате!?

ОкоБоли главаВицФото