Доброволци од Македонија во одбрана на Лазарат

27.06.2015 11:56
Доброволци од Македонија во одбрана на Лазарат

Скопје, 27 јуни 2015

Повеќе стотици доброволци од Македонија тргнаа во одбрана на албанското село Лазарат во кое моментално се водат борби меѓу полицијата и локалното население.

Доброволците со кои зборувавме се одлучни во намерата да го одбранат Лазарат и неговото производство на канабис.

„Постојат моменти во кои нетрпеливоста и недовербата меѓу народите мораат да се остават на страна и кога мораме здружени да се кренеме против заедничкиот непријател. Лазарат не смее да падне во рацете на полицијата, зашто тоа би предизвикало огромна криза во целиот регион, па и во Македонија. Станува збор за стратешки важно село чиишто жители веќе со години се грижат за нашите потреби и најмалку што можеме да направиме е да им пружиме помош во овие тешки мигови. Инаку, се гадам од насилство, но ова е час во кој не смееме да останеме неми гледачи, туку мораме да ги земеме работите во свои раце и жестоко да им се спротивставиме на оние кои ја напаѓаат слободата на граѓаните на Лазрат и нивните плантажи со марихуана“, вели еден од македонските доброволци.

Според вестите кои пристигаат од теренот, полицијата веќе влегла во селото и ги претресува куќите една по една. Тоа не ги поколеба доброволците кои се надеваат дека сепак ќе стигнат на време.

„Лазарат во овој момент е симбол на слободата и отпорот против репресијата. Сега е најважно неговите жители да ги издржат нападите на полицијата додека не стигнеме на фронтот. Бројноста на нашите сили и пред сè високиот морал ни даваат надеж дека ќе успееме да направиме пресврт во текот на битката и да спасиме што може да се спаси“, вели еден од доброволците кој ни се претстави како Перо Ризла.

Тој призна дека е свесен за големите очекувања кои нацијата ги има од нивното учество во борбите околу Лазарат. Вели дека добил стотици пораки со поддршка и ветување дека во случај на триумф ќе им биде приреден свечен дочек во едно скопско паркче.

Извор: www.njuz.net