Одлука на Врховниот суд: Истополовите бракови легални во сите држави на САД

27.06.2015 11:51
Одлука на Врховниот суд: Истополовите бракови легални во сите држави на САД

Со историска одлука на американскиот Врховен суд, од вчера истополовите бракови се легални во сите држави на САД. Со вкупно пет гласови ЗА и четири ПРОТИВ највисокиот американски суд ги поддржа истополовите бракови, односно заклучи дека Уставот наложува сите американски држави да издаваат дозвола за брак и да ги признаат браковите на истополовите двојки кои веќе се склучени во други држави. Така на среќен и единствено исправен начин е заврешен еден од најважните судски спорови за човековите права. Тоа е голема победа за ЛГБТ заедницата и сите активисти кои со години се бореа против дискриминацијата на хомосексуалците.

Тоа значи дека од вчера, сите геј лица и лезбејки можат да стапат во брак, без разлика во која држава се ноаѓаат. Со одлуката на Врховниот суд бројот на држави во кои е легален истополовиот брак преку ноќ порасна од 37 на 50. Треба да се спомене дека првиот истополов брак во САД е склучен пред 11 години во сојузната држава Масачусетс. Од тогаш САД силно зачекорија напред и денес можат да бидат пример за многу европски земји. Од година во година сè поголем број држави законски ги изедначуваа хетеросексуалните и хомосексуалните бракови, за на крајот судот да однесе одлука која се однесува на целата земја.

Покрај тоа, што е еднакво важно, свеста на граѓаните во голема мера се промени, па така денес повеќето Американци немаат ништо против геј браковите. Според последното истражување на Вашинготн Пост и Еј-Би-Си, 61 отсто од граѓаните на САД ги поддржуваат истополовите бракови.

Во Америка, поделена според политичката определба и светогледот на граѓаните, каде Врховниот суд го сочинуваат конзервативни и либерални судии, пресуден беше петтиот глас на судијата Ентони Кенеди.

„Уставот ја гарантира слободата на сите граѓани, слободата која им овозможува на луѓето да го изразат и дефинираат својот идентитет. Подносителите на барања во овој случај настојуваат да ја пронајдат таа слобода стапувајќи во брак со лице од ист пол, со тоа што нивниот брак се смета за законски под исти услови како браковите помеѓу луѓето од различен пол“, објаснува судијата Кенеди.

Извор: queer.hr