Нација во изградба на Јутјуб

11.03.2010 13:48

„Република Македонија – Традиција во изградба” – сликата е преземена од mkfail.

Една од најинтересните вести вчера, која прво се рашири низ социјалните мрежи, а потоа се најде и на дневните вести, беше онаа за „античкото оро” (всушност цело сценско дело со дејствие). Како и да, ретко кој остана без реакција на комбинацијата на седум осмински такт со евоцирањето на античките историски сцени.

Ваквите интервенции во фолклорот сепак, не се непознаница, туку напротив, проучувачите на феноменот на национализмот ги имаат истражувано. Дел од наследството од теориите на Ерик Хобсбаум, маркантниот британски историчар, е и концептот „измислувањето традиции” – типичен за европските национализми во 19 век – процедура која се состои од подигање споменици, измислување празници и измислување нови ритуали. Социјалната антропологија, пак, која се повикува на Пјер Бурдје и концептот на „симболички капитал”, посочува дека за да може еден симбол или наратив да биде прифатлив, но и исплатлив (во смисла на пример, политичка мобилизација) мора да биде освежуван и да претрпи иновации. Многу други автори пишувале, на пример, за „историскиот инженеринг”, за „националниот мит како заборавање на историјата” (или за „мешање на лончињата”) и слично.

Друг важен момент кај „античкото оро” е и фактот што тоа ни доаѓа од далечната Австралија, веројатно од луѓе кои никогаш не стапнале на овие простори. Со тоа уште еднаш се потврдува улогата на дијаспората како битен агенс на редефинирањето на македонската национална идентификација и ширењето на неомакедонистичкиот – убермакедонистичкиот дискурс. Токму во далечната Австралија за прв пат се конфронтираа македонските и грчките националисти околу тоа „чија е Вергината” (на фудбалски натпревар). Во суштина, македонскиот национализам на дијаспората е поврзан и со прашањето на бегалците/евакуираните од Грчка Македонија, и нивната индоктринација со Александар и антиката (македонската антиквизација е копија на грчкиот модел на градење на нацијата).

Како и да е, сметам дека имам доволно напишано за национализмот и особено за експлоатацијата на митовите на античка Македонија.

* * *

Она што следи се некои содржини на тема „Македонија”, за да олабавиме од теорија и објаснувања на она што е очигледно. Во духот на античкото оро, решив малку подобро да ги запознам нашите читатели со она што се случува околу нив. Се надевам дека ќе успеете да ја најдете забавната компонента во понудениов материјал, иако некои од овие работи треба да се сфатат прилично сериозно.

* * *

Ко за почеток, не е само античко оро – имаме и антички турбо фолк, и тоа во изведба на Сузана Спасовска – со бесценет превод на англиски.


„Мета-македонска” песна е „За Александар Македонски” во изведба на ансамблот „Цар Самуил” (Цар Самуил пее за Александар, хехе). Нема добар спот на интернет, затоа еве ја само песната.
Текстот оди вака: „Египет, Персија цел свет е на колена / пред војските на Александар Македонски”.

Понатаму, имаме конфузен наци рап?

 А ова е друго конфузно наци видео..

 Генерално, наци видеа има мал милион. Ако се бара “Смрт за Ш..” на Јутјуб, излегуваат претежно видеа од македонски автори, додека Србите се многу помалку застапени. Тоа веројатно е лошо.

Со Србите имаме и дополнителни заеднички работи: панданот на „Србија до Токио” е „Македонија до Јапонското море” – бар така гласеше еден дел од Македонската молитва. Еве како од прилика таа логика изгледа на во време-просторот.


Неизбежни се „Македонците во Пакистан”, видео кое е аплоудирано од корисник со корисничко име македонче1986, со профил слика од Ченто. Описот на видеото е следниот: „Директни наследници на Александар Македонски, наши браќа и сестри кои живеат на другата страна на светот. МАКЕДОНИЈА на МАКЕДОНЦИТЕ!!! ВМРО!!!“


И додека македонче1986 има браќа и сестри Хунзи во Пакистан, со еден друг клип на дел од граѓаните на Македонија им порачува: “Ова ве чека” (апсење, полиција, ќотек? и сл., со саундтрак ВМРО ВМРО)

Моето лично омилено видео, пак, се вика „Клетви од Големите Македонци”, и е исечок од монодрамата на Петре Темелковски, во која тој го глуми Филип Втори кој од гробот ги колне предавниците на македонската кауза. Многу омраза има собрано во овој клип. На крајот, како бонус, Миленко Неделковски колне мајки и шајки.


Но, не сите видеа ми се објасниви. Еден навистина обскурен клип на кој крајот не можам да му го фатам е оној во кој мистично се поврзуваат Македонија и Азерјбеџан виа Турција?!


Инаку долго време најкоментиран клип на сите времиња на Јутјуб беше токму грчкиот клип “Македонија е Грција” (и Грците не се поарно, со клиповите). „Дискусиите” (сведени на мајки шајки) впрочем се карактеристични за вжештените глави од двата табора.

Како за крај, врвот на таа вжештеност може да се погледне дискусијата под овој порно клип (експлицитен, за полнолетни :), во кој наводно учествува Македонка од Виница. Тука се мешаат и Македонци и Грци и Срби и Хрвати и сè живо и диво. Дискусијата почнува кога еден Македонец кажува дека всушност на клипот се снимени дечко од Македонија и девојка од Грција (демек „Гркинките курви!, кај може Македонка да се подаде и да се снима, додека од друга страна Македонците ебачишта..”) и понатаму сè оди во бестрага :) Дури и се расправа за Александар Македонски! По повод – порнич...

Се разбира, пред да се одјавиме, да не заборавиме да си ја кажеме Македонската молитва. Амин!

Анонимен, длабоко се лажеш за

Анонимен, длабоко се лажеш за врската на јазикот и етногенезата. Според тебе, Индијците и Ирците и Американците се англичани?
Инаку Кирил и Методиј биле Македонци. Ако имало и најмалку нешто грчко/византиско, Грците немаа да ги третираат како третокласни светци. Воопшто не ги слават токму од истите причини што иако и Гоце Делчев е „славофон Грк“ (родум и загинал во Егејска Макеоднија/Северна Грција) нема место за него во грчката историја.
"...Ironically, in terms of their genetic origins, non-Slavic-speaking Greece and Albania are moreSlavic in their origins than the modern Macedonians and Bulgarians; spoken language is a very poor guide to ethnic origins. But does this mean that the Greeks and Albanians are not really Greeks and Albanians ? Of course not ..."
http://greatersurbiton.wordpress.com/2009/08/29/macedonia-and-greece-what-is-the-basis-for-a-reconciliation/
Тоа за Србите, Бугарите... ти го протнуваш како теза бидејќи си заљубен во идејата дека јазик==нација. Нешто што веќе подолго време се обиува од југ да стигне тука како вистина. Јазикот (димотики и катаревуса) е единствениот заеднички содржател на таа мешавина од луѓе што во 1820-та година се нарекла Хелени. Ако го изгубај јазикот како најважен елемент на нацијата, ќе ја изгубат нацијата. Затоа и толкав притисокот во Егејска Македонија врз Македонците и Маџирите (да, и врз нив) да научат грчки јазик, бидејќи ниту едните ниту другите не го знаеле...

 There is no such modern

 There is no such modern ethnic group as the ‘Slavs’ – ‘Slavs’ do not exist as an ethnic group in the modern world, any more than do Angles, Saxons, Franks, Gauls, Visigoths or Vikings. ‘Slavic’ is a linguistic, not an ethnic category. The Macedonians speak a Slavic language, and in that sense they are ‘Slavic’, just as the English and Dutch are ‘Germanic’ and the Italians and French are ‘Latin’. Greek nationalists demanding that the Macedonians call themselves ‘Slavs’ is like someone demanding that the English and Dutch call themselves ‘Germanics’ or that the Italians and French call themselves ‘Latins’. It is up to the Macedonians alone whether they feel their identity to be ‘Slavic’ or not – nobody else has the right to impose such an identity on them.
http://greatersurbiton.wordpress.com/2009/08/29/macedonia-and-greece-what-is-the-basis-for-a-reconciliation/
 

Навистина благодарност до

Навистина благодарност до КИРЕ ВЕЛКОВСКИ
Немам веќе мотиви да им објаснувам на такви неначитани типоси како анонимен и останатите весели Словенчиња и да им давам историски часови...  Очигледно е дека дотичните господа нити слушнале за ТРП РУЕН УЧЕН, па после да зборуваат за потеклото на КИРИЛИЦАТА (замислете кирилицата иако е постара потекнува од грчкото писмо, а од каде зеле Хелените, а не ГРЦИ, појма да се немало), ниту знаат што е тоа ДИМОТИКИ и КАТАРАВЕУСА (Дијамантидис и Бајрон и проектот на вештачко создавање на нација која ќе се вика Грчка)... Едноставно не е ни чудо типови кои не знаат ни 2 грама историја да мешаат што е тоа Грчко а што Византиско!!! За информација на НЕНАЧИТАНИОТ анонимен, во Византија имало 4 династии на цареви кои се МАКЕДОНЦИ. Да се наречат Кирил и Методиј Грци е едноставно ретардирано глупаво и не заслужува повеќе никаков коментар.... Се срамам што мојот етнос изродил вакви неписмени луѓе кои единствено сакаат да се прават паметни и мислат дека секогаш се во право иако ништо не прочитале во својот живот , мислам за историјата на сопствениот народ!!!
ПОЗДРАВ

Дарон, молам. Сум забележал

Дарон, молам. Сум забележал дека дискусиите на Окно се сведуваат на рационализции. Ама ова беше ептен смешно и стварно ќе беше глупаво да не напишам барем ред два... Што викаше дури и „Врапчето“ во Собранието - не ме лути што ме лажат, туку што мислат дека ќе им поверувам...
Инаку проф. Хоаре не е македонист, ама текстот (линкот погоре) му е ЗАКОН. Нема ниту една грешка, стварно е на место 100%. Дури и ме потсети како Крали Марко н`е поврзува со Србите и Бугарите, ете го Аце да не врзе со Јунанистанците...
Патем - поимот Византија е измислен некаде во 16-ти век после падот. Сепак е тоа Римско Царство, па макар и Источно. Слично како и Хеленизмот - 1830-та? Дури и поимот Балкан не постоел пред 19-ти век...

Македонците па

Македонците па амебите!!!!!
Ова е единствената вистина за луѓето тука кои си ги мразат сопствените дедовци и прадедовци

Кирилицата не е напишана от

Кирилицата не е напишана от  Св.св. Кирил и Методий , а подоцна от Св Клемент или от Константин Преславски, не се знае точно... В едно со християнството русите се приели и старославянската писменост.

Ukrainski-Kineski avtobusi,

Ukrainski-Kineski avtobusi, Turski Avioni, Anticki spomenici leani vo Italija, tuga istorija vo centar... da ziveat Makedonskite proizvodi

Ги заборави анонимусите од

Ги заборави анонимусите од Тунгузија...

Туѓа историја во центар ...

Туѓа историја во центар ... !!! ???
Тука лежи проблемот. Луѓе кои немаат сопствена историја, поточно истата не ја прифачаат, од само за нив разбирливи причини, се осмелуваат на мене кој сопствената историја одлично си ја познава, да ми наметнат јас да ја подарам на други балкански нации, во случајов на грците.... Па имате ли вие малку образ? Како не ви е срам!? И на крај анонимниот дава забелешка дека јас сум си ги мразел сопствените дедовци и прадедовци!!! Мојата најдлабока почит за моите претци (и историја), анонимен, е нешто што ти всушност и го немаш како ментална состојба во себе спрема било кого, а нарочито не спрема сопствените претци. Во своето мазохистичко деминутивно постоење тебе ти е далеку покомфорно да си замислуваш како твоите претци биле некои си диви луѓе од зад Карпатите, а не една од првите цивилизации на планетата, што е факт, само треба да се чита. Некој навистина има нешто заедничко со амебите, само што на некого амебата му служи како орган за прецепција, учење и размислување. Јас со амебите немам многу многу заеднички особини...

ОкоБоли главаВицФото