1011 hPa
93 %
8 °C
Скопје - Чет, 25.04.2024 23:59
„Проститутката која го сакаше својот мевосек!“ објавена во едицијата Градот на издавачката куќа Темплум содржи околу 70 колумни на Бранко Тричковски напишани последниве две и пол години. Во книгата се застапени и четириесетина илустрации („монтажи“) на Свирачиња, така што книгата всушност е авторско дело на Бранко Тричковски и на Свирачиња.
Извадок од предговорот на книгата:
Феноменот на ВМРО е можен само во средини со ниска политичка култура, да не речам во политички неписмени средини. Во средини со плитка култура и плитко граѓанско напластување, без или со скромна традиција на држава, на управа, на институции, во искомплексирана срдина! Нашиот проблем не е појавата на ВМРО по седумдесет или осумдесет години хибернација, ниту е тоа политичкиот и идејниот профил на злосторничката организација, туку тоа што вмро наиде на хармонија со чувствата и резоните на голем дел од општеството, наиде на спремноста луѓето да се препуштат на чувствата и краткотрајните бенефити и по цена на сопствената смрт; наиде на неспремност да се препознае злото! Кај еден дел од луѓето дури можеше да се препознае тенденција за ослободување од строгоста на државата и препуштање во строгоста на партијата како покомотна строгост!
ВМРО и Македонија можат да одат заедно само како убиец и жртва.
(...)
Затоа се залагам за темелна девмровизација како клучен услов за редефинирањето на Македонија и посебно на Македонците. Ако преживее во ваква форма, Македонија ќе продолжи да биде хендикепирачки фактор за луѓето, односно апсолутно штетна формација!
Скопје, јуни 2015
Авторот