Груевистички „демократски“ стандарди

30.06.2015 11:27
Груевистички „демократски“ стандарди

Наместени избори и нарачани интервјуа.

Само во Македонија има премиер кој кога ќе биде соочен со факти вика „Ајде на избори“, а се плаши да излезе на ТВ дуел. Секако, повиците за избори ќе траат додека е сигурен дека може да ги намести.

Во ДПМНЕ, од Груевски па сè до Бичиклиски, никој жив не излегува на тв дуел за состојбите во државава. Зошто, па нели сè цвета од нивната преродба?

Ги нашле оние како Пандов, Миленко, Мирчев, Никовски и уште неколку гревови да се бламираат по телевизии со тоа што ќе ги верглаат идиотските тези на ДПМНЕ!

Каде е Груевски да излезе на ТВ дуел?

Каде е Илија Димовски? Зоран Ставревски, Јанкуловска, Пешевски? Барем некој да собереше сила и да излезеше на ТВ дуел со некој од опозицијата или некој од критичките новинари, колумнисти, активисти, за сè што ѝ се случува на Македонија?! Па дури ниту оној Влатче клатиглавче не го пуштаат веќе на ТВ дуел да ги брани идиотските тези на груевизмот.

До пред почеток на кризата барем овие од ДУИ чат-пат ќе излезеа на некоја дебата, сега и тое во глушечка дупка сокриени ги чекаат наместените избори и нарачаните интервјуа.

Груевистички стандарди: Ако телевизјата нè критикува ќе ја купиме, а ако не можеме тогаш ќе ја затвориме. Ако не можеме да ја добиеме дебатата ќе ја бојкотираме. Ако има шанси да ги изгубиме изборите тогаш ќе печатиме лични карти и ќе победиме!

Во Македонија повеќе демократија од сега имало и во крајот на 80-тите години.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња