Честитаме! Сите говорници на панелот ви се мажи

02.07.2015 10:08
Честитаме! Сите говорници на панелот ви се мажи

Академските и бизнис панели, конференциите или предавањата составени исклучиво од мажи и натаму се вообичаена појава. Но, Tumblr со саркастичното име Congrats! You Have an All – Male Panel на одличен начин го прозива таквиот воспоставен сексизам.

Имено, на секоја фотографија која го најавува панелот во потполно машки состав објавена на овој кориснички профил поставена е помала слика од Дејвид Хаселхоф.

Tumblr проектов го започна финската феминистка и уметница др. Сара Серме, која го посветила својот докторат на пародиите на интернет.

„Како феминистка, веќе долго време сум свесна за проблемов, а со оглед на тоа дека со тие духовити фотографии се занимавав во својата докторска дисертација, помислив дека со собраниот материјал можам да направам и нешто визуелно“, наведува.

Она што посебно го забележала за време на прегледувањето на материјалот била континуираната маргинализација на жените во академските кругови, каде трудовите на некои нејзини колешки биле игнорирани само заради нивниот пол.

Сепак, прашањето кое го поставуваат сите обожаватели на нејзиниот Tumblr профил е: „Од каде Дејвид Хаселхоф?“

„Тој е единствен“, одговара Серме. „Израснав во осумдесеттите со серијата Knight Rider, па заради тоа Хаселхоф ми е мил, а и ги обединува и симболизира сите значајни машки особини на еден белец, зарем не?“

Серме се надева дека нејзината збирка форографии ќе помогне за да се обрне внимание на проблемот на машката превласт во академската заедница.

„Сметам дека женската стручност често не се препознава. Некако е поедноставно експертот да се замисли како средовечен (или постар) маж“, додава таа. „Со академскиот свет доволно долго доминираа мажите, и време е за промени.“

Авторката на Tumblr исто така ги препорачува иницијативите за зголемување на присутноста на експертките во јавните форуми или набљудувачките организации како EUPanelWatch.

Извор: http://www.voxfeminae.net

ОкоБоли главаВицФото