Додека Јанис Варуфакис забрзува кон сонцето, ќе се сеќавам на неговата суштина

08.07.2015 09:23
Додека Јанис Варуфакис забрзува кон сонцето, ќе се сеќавам на неговата суштина

Во јануари, бев полубудна слушајќи ја бескрајната евро дискусија, човекот кому Англискиот му е втор јазик, почна да кажува поезија. Зборуваше за неговите сонародници Грци, рече: „да го цитирам вашиот Дилан Томас, да престанеме тивко да одиме во ноќта и да бидеме бесни против заминувањето на ноќта“. Се прибрав и не бев единствената. Тоа беше Јанис Варуфакис, економист, блогер и академик, кој наскоро требаше да стане министер за финансии на Сириза.

Елоквентно, во зборовите ги вметна страдањето и флексибилноста на неговите сонародници Грците, но самото тоа не ги фасцинираше медиумите. Тие се фокусираа на неговата „екстравагантност“. Очигледно, во светот на Еврократијата, радикално е да не се носи вратоврска. Или грубо. Или двете. Понекогаш носеше кожна јакна. Или мантил, или маица која веројатно е претесна. Покажуваше дека едноставно не беше уште еден „костум“ и направи останатите да изгледаат загушливо, стегнато и клонирано. Продолжи да го вози својот мотор наместо да го вози возач. Во неговиот превртен свет, овој степен на нормалност значи дека тој беше сè од рок ѕвезда до бог на сексот.

Си се насмевнуваше себеси, како што само тој може. Згреши кога со својата сопруга се фотографираше за Paris Match. Тоа беше една од оние фотографии наречени „насмевки со салата“. Никој не треба да го прави тоа.

Но, како и да е, она што го направи Варуфакис, како и остатокот од неговата партија, беше многу збунувачки. Каква е таа комплицирана игра на теории што ја шири? Ќе ви кажам што е тоа. Тоа е обид да се задржат ветувањата што сте ги дале кога сте биле избрани за да го направите најдоброто за вашата земја. Тоа значи дека треба да се држите до своите принципи и да не се плашите од недемократските сили.

Варуфакис беше тргнат настрана пред околу една недела, не заради „неучтивиот“ стил на неговите јакни, туку заради директноста на неговите аргументи. Како што рече грчкиот премиер Алексис Ципрас, тој го зборува јазикот на економистите подобро од нив самите.

Секогаш инсистираше дека одговорноста за закрепнувањето на Грција не зависи само од Грција, дека мора да постои реализам во условите кои ги поставуваат кредиторите на Грција, затоа што вистинската човечка цена е претешка. Покажа дека финансиските прашања станале политизирани, и дека се нарушени старите парадигми. Тој зборуваше за Еврократите како еднакви.

Зборуваше за нас останатите како за човечки суштества, опишувајќи го товарот што Европа го ставила на рамениците на Грција како „фискално давење“. Рече дека лулката на демократијата е претворена во она што тој го нарекува „должничка колонија“.

Додека минатата ноќ херојскиот народ се крена против „должничкото ропство“ тој одржа конференција за печатот во сива маица и денес ја објави својата оставка, објаснувајќи дека некои учесници во Еврогрупата не сакаат да присуствува на дискусијата. Вели дека не му е грижа за привилегијата на кабинетот туку за колективната поддршка на Ципрас.

Тој е човек што се движи како што зборува, и тоа зборување е отворено. Тоа не е како со тајните договори кои вообичаено се прават во затворените простории во Брисел. Тука станува збор за политичар кој дејствува според своите убедувања. Нема да биде запаметен по неговиот стил, но ќе биде запаметен по неговата суштина. Се соочи со автоматоните инсистирајќи дека грчкиот народ не треба повеќе да биде казнуван. И неговите луѓе беа со него. Ги одби тајноста и параметрите на Еврократите. Зборуваше скромно, не во шифри. Тој не се плаши од зборот „колективно“. Ниту Сириза. Ципрас рече „преговарањето не ѝ припаѓа на една личност, никогаш не било така“. Поголема е можноста Варуфакис да е отстранет отколку самиот да се откажал, за да се склучи некаков договор, но за што и да се работи, тој нема да исчезне, дури и додека забрзува кон сонцето. Згора на сè, тој знае дека вистинскиот стил е суштината. Го чуваше најдобриот поглед за крај, кога кажа „Ќе го носам презирот кон кредиторите со гордост“.

06.07.2015

Извор: http://www.theguardian.com/

ОкоБоли главаВицФото