Околу различните добри подароци

09.07.2015 11:50

 

Нека вселената во мене се вслуша!
Нека ја направи среќна мојата душа!
А во ова е мојата среќа:
Пердув од феникс во една мала вреќа,
Од руното златно само рака една,
Од лебот петилјадитата трошка бедна.
Само делче од небесниот свод чист,
Од полињата со ружи само еден лист.

Понатаму дај ми придружба добра:
Мирот што кварцот во себе го собра.
В срце зима да не ми се впие,
Сон блажен како кога дете спие,
Утеха со здив постојано свеж
И од цвеќето орлови нокти вреж.
Од сè што расте со животен сок

И здив од развигор и од море чисто
И дребнавост една: од ласичиниот скок
Храброст, дај ми исто.
Најпосле пред да стигне остриот мраз
Мртовечки сандак би сакал јас.
Без споменик и на него без секаков знак
За да не му се знае на гробот мој траг.

Препев: Душан Томовски

Вернер Бергенгруен (Werner Bergengruen, 1892‒1964), балтичко‒германски лиричар и романописец на главно историски романи. Роден е во Рига. Значаен е и како преведувач на руската книжевност. По Втората светска војна живеел во Италија и Швајцарија, каде што починал.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото