Иранските жени објавуваат слики со нивните развиорени коси, во знак на протест против строгите закони за носење хиџаб

10.07.2015 15:42
Иранските жени објавуваат слики со нивните развиорени коси, во знак на протест против строгите закони за носење хиџаб

Масих Алинеџад, иранска новинарка и активистка која живее во САД, сака да го промени ова, обидувајќи се на жените да им го обезбеди изборот сами да одлучуваат дали ќе ги откријат или ќе ги покријат своите коси. Aлинеџад вели: „Мајка ми сака да носи шамија. Јас не сакам да носам шамија. Иран треба да биде место за нас двете.“

Со надеж дека ќе се шири нејзината порака и дека ќе успее да направи социјални промени, Алинеџад ги поттикнува иранските жени да објавуваат свои фотографии, како слободно уживаат во животот со своите непокриени и пуштени коси. Алинеџад ја отвори групата на Фејсбук, наречена My Stealthy Freedom, која веќе има над 820.000 следбеници, кои го поддржуваат протестот против строгите ирански закони за носење хиџаб.

Сè започна кога Масих Алинеџад објави своја фотографија со и без хиџаб превез.

Постојат различни видови исламски шамии, некои многу повеќе покриваат од другите. Хиџабот е меѓу најмалку конзервативните, но сепак ја покрива целата коса и вратот на жената и е задолжителен за жените во Иран.

 

Алинеџад вели: „Кога бев дете, за мене брат ми беше симбол на слободата што јас ја немав. Кога само ќе помислам како тој можеше слободно да трча низ убавата зелена фарма.“

Сега Алинеџад ги повикува другите жени да излезат и да протестираат против строгите закони за носење хиџаб со споделување фотографии од нивните откриени и слободно пуштени коси, без превез. Како резултат на тоа, илјадници жени во Иран се приклучија на движењето.

„Некои од сликите се од млади девојки кои велат дека тие само сакаат да го почувствуваат ветрот во нивните коси. Тоа е едноставно барање.“

 

Две жени со шамии, и две жени без шамии. Погледнете како тие се слободни!

Во продолжение, проследете дел од пораките испратени од жени од целиот свет:

„Ги мразам сите лажни превези, сите бесмислени и сурово наметнати верувања“.

 

„Тажно е што мојата прекрасна црна коса станува сива и досега не почувствувала ветар, сонце или дожд.“

 

„Неверојатно е чувството кога ветрот ја вее вашата коса под синото небо.“

 

„Уживаме додека ветрот минува низ нашите коси. Нешто што би требало да биде право на секој човек, се смета за нелегален навредлив акт за мене и сестра ми.“ 

 

„Се надевам на потполна слобода за иранските жени.“

 

За да дознаете повеќе за страницата My Stealthy Freedom, погледнете го видеото подолу:

Извор: www.earthporm.com