СДСМ призна дека маицата на Груевски е сечена, лепена и монтирана

13.07.2015 10:23
СДСМ призна дека маицата на Груевски е сечена, лепена и монтирана

СДСМ конечно призна дека дел од материјалите се сечени, лепени и монтирани. Конкретно, станува збор за материјалите искористени за креирање на новата маица на премиерот Никола Груевски. Шефот на Владата на заминување во најава, денеска се појави во интересна комбинација во Аеродром на отворањето на новиот парк, а посебно внимание привлече неговата нова маица, која стана хит на Фешн ТВ.

– Време е да признаеме дека креаторите на СДСМ, според кодирани мустри од Верушевски, искреираа парчиња облека за премиерот Груевски, кои подоцна се подметнати во неговата гардероба. Признаваме дека маицата што денеска ја носеше е наша креација и дека истата е сечена, лепена и монтирана – изјави портпаролот Петре Шилегов, откако ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за стајлингот на премиерот.

Извор: http://www.kozanostra.net/