Има нешто меланхолично во посетата на Нуланд

14.07.2015 10:46
Има нешто меланхолично во посетата на Нуланд

Има нешто меланхолично, застарено, изгубено во посетата на високиот американски претставник, Нуланд. Тоа е чувството кое се влече од 2008 година, последен пат кога се најдовме на радарот на САД.

Сега Нуланд доаѓа во расцепкана Македонија, сретнувајќи се со секој клан засебно, носејќи порака да се средиме, за да го средиме и името, нешто што не знаевме да го направиме ни кога бевме поздрави и попаметни.

Сите сериозни прашања, за нас како општество, за нашата демократија, нашата разореност и расцепканост, денес делуваат како одминат бес, ударот примен, раната закоравена, од која се наѕира лузна.

Има нешто винтаџ во тие обиди Македонија се уште да се спасува со странците, нешто што дури побудува милост, но никако чувство дека работите ќе се средат.

Слика: Andrea Joyce Heimer

Извор: Фејсбук

ОкоБоли главаВицФото