Опасност, секси научничка!

14.07.2015 09:57
Опасност, секси научничка!

Ако сте маж и работите во лабораторија со жени, можат да се случат три нешта. Ќе се заљубите во нив, тие ќе се заљубат во вас и ако ја критикувате нивната работа, тие ќе плачат. Се разбира, сето тоа ќе ве попречува во работата, па најдобро е да се заклучи дека на жените не им е местото во лабораторија. Така барем на светот на науката гледа британскиот научник Тим Хант. Тоа неодамна го објави на една научна конференција и уште еден пат отвори голема расправа за половите асиметрии во областите на науката.

Статистички факт е дека во науката, а особено на повисоките позиции, има повеќе мажи отколку жени. Со дискриминацијата на жените во науката се занимавале и многу студии. Некои ги наоѓаат причините за тоа во општествените фактори кои влијаат на животните избори на жените кои своеволно ја напуштаат кариерата за да им се посветат на децата, партнерот или да им помагаат на родителите. Други, пак, сметаат дека дискриминацијата е институционализирана во самиот систем на науката и откриваат дека жените послабо поминуваат кога се пријавуваат за некоја работа во науката, дека нивните проекти добиваат помалку средства, дека мажите често добиваат пофалби и почесто ги промовираат и дека за истите позиции жените имаат помали плати од мажите.

Случајот на Тим Хант заврши така што научникот, кој патем речено има Нобелова награда, даде оставка на својата позиција која ја имаше на Лондонскиот универзитетски колеџ заради притисокот од научната јавност. Во тоа многу помогнаа и социјалните мрежи како Твитер. Откако дискриминирачката изјава се појави во медиумите на научничките, а и научниците кои ги поддржуваат, почнаа да објавуваат сопствени слики на работа со хаштаг #distractinglysexy алудирајќи на тоа дека нивната појава во науката на тој начин го одвраќа вниманието од работата дека со нив не може да се работи. Се разбира, со многу иронија.

Може да се каже дека овој случај е решен, шовинистичкиот научник е праведно санкциониран, а и проблемот на дискриминацијата стана видлив и може да се очекува позитивен расплет на ситуацијата. Меѓутоа, ова не е првиот пример на санкциониран научник, во последната деценија имаше многу студии и дискусии за оваа тема, а останува фактот дека во науката и понатаму има малку жени.

Пред неколку години, анонимна британска научничка за The Guardian како системско решение предложи контроверзна метода за позитивна дискриминација при вработување во секторот. Со тоа би се решил проблемот за превласта на мажите во науката, па би било можно да дојде и до институционални промени.

Извор: http://pogledaj.to/
 

ОкоБоли главаВицФото