1022 hPa
100 %
6 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 11:59
Џоан Фонтејн, Розалинд Расел и Норма Ширер во филмот „Жени“
Иако неодамна се крена прашина поради новата филмска адаптација насловена „Мали жени“, во која и пред и зад камерите главниот збор го имаат жените, како и во женскиот римејк „Ghostbusters“, не може да се пренебрегне фактот дека жените се активни во светот на филмот, не може да се пренебрегне фактот дека жените се активни во светот на филмот од самите зачетоци на кинематографијата.
Во продолжение ви носиме десет потсетници, односно десет филмови кои вклучуваат само или главно жени.
ЖЕНИ (THE WOMEN, 1939)
„Жени“ е филмот на режисерско-сценариското трио Џорџ Кукор, Анит Лос и Џејн Марфин во кое сите 130 улоги ги одиграа ислклучиво жени. Режисерот се раководел според тоа начело и при изборот на актерската екипа и сценографија. Имено, домашните миленици протагонисти беа женки, а и на реквизитните слики се портретирани само жени. Филмот не ја експлоатира славата на ангажираните актерки, Норм Шеарер, Џоан Крауфорд и Росалинд Расел, а лезбејството ги заобиколува малициозните женски сплетки.
НА ПАТ ДО ЅВЕЗДИТЕ (PITCH PERFECT, 2012)
„На пат до ѕвездите“ е музичка комедија на Кеј Канон за женската вокална група „The Bellas“, чии членки се едноставни, духовити, несовршени девојки кои настојуваат да ги ускладат различните карактери и креативни енергии. Фокусот на приказната не е на нивниот однос со мажите, туку на нужноста од емпатија и соработка во групата со толку различни карактери.
СÈ ЗА МОЈАТА МАЈКА (ALL ABOUT MY MOTHER, 1999)
Филмот добитник на Оскар на Алмодовар е посветен на „Бети Дејвис, Гени Роландс, Роми Шнидер...на сите жени...на секоја мајка“. Шпанскиот режисер, мајстор за портретирање на женски ликови, и овде претставува низа на силни протагонистки, ги истражува родовите улоги, емоционалните трауми, трансексуалноста, семејството и загубата.
ОПАСНИ ДЕВОЈКИ (MEAN GIRLS, 2004)
„Опасни девојки“ е тинејџерската комедија работена според сценариото на Тин Феј и проектот во кој соработувале најголем број на жени во последните дваесет години. Филмот ги прикажува младешките сплетки во внатрешноста на хиерархизираниот средношколски свет, но истовремено и позитивните алтернативи.
ЧЕКАЈЌИ ГО ИЗДИШУВАЊЕТО (WAITING TO EXHALE, 1995)
Базиран на новелата на Тери МекМилан, филмот на Форест Витакер е еден од ретките филмови чии протагонистки се исклучиво Афроамериканки. Витни Хјустон, Анџела Басет, Лорета Дивајн и Лела Рочон ги играат улогите на четирите блиски пријателки кои го споделуваат најдоброто и најлошото од животот.
ВИСОКО КАКО НЕБОТО (AS HIGH AS THE SKY, 2012)
„Високо како небото“ e драмата на независната режисерка Ники Брендлин за комплексните односи помеѓу мајка и ќерка и сестри. „Ме интригираше животниот пат на личноста која никогаш не научила да се идентифицира, па според тоа ниту да ги процесира сопствените емоции“, истакнала режисерката која за филмот ангажирала исклучиво женска актерска и техничка екипа.
БЕЛ ОЛЕАНДЕР (WHITE OLEANDER, 2002)
„Бел олеандер“ е филмската адаптација на истоимениот роман на Џанет Фитч во која улогите им се доделени на Алисон Лохман, Мишел Фајфер, Робин Врајт Пен и Рене Зелвегер. Режисерката Мери Агнес Доног ја прикажува приказната за растењето помеѓу едно згрижувачко семејство и мајката која е во затвор.
ЧЕЛИЧНИ МАГНОЛИИ (STEEL MAGNOLIAS, 1989)
Иако станува збор за своевидно прото чик филмче, не треба да се потценува. Критичарот Роџер Еберт го пофалил актерскиот настап на Сали Филд, Доли Партон, Ширли МекЛејн, Дерил Хана, Олимпие Дукакиси, Џулија Робертс, како и хумористичните и саркастични дијалози: „секој ред е епиграм“.
ДЕВЕРИЦИ ПОД ГАС (BACHELORETTE, 2012)
„Деверици под гас“ е злобниот брат на „Девериците“ на режисерот Пол Фиг, филм на Лесли Хедланд во кој станува збор за пријателки чии улоги ги играат Кирстен Данст, Исла Фишер, Лизи Каплан и Ребел Вилсон, а дејството го следи текот на подготовките за венчавањето на една од нив и сето она што може во тие моменти да тргне наопаку.
ДЕВОЈКИТЕ ОД БЕВЕРЛИ ХИЛС (CLUELESS, 1995)
„Девојките од Беверли Хилс“ е тинејџерска комедија од деведесетите на Ејми Хекерлинг, на чело со Алиша Силверстоун, Стејси Даш и Британи Марфи. Станува збор за адаптација на новелата „Ема“ од Џејн Остин во која писателката Лаура Кохен исчитува интересен приказ на женско пријателство, со што го смета за еден од поважните филмови за жени.
Извор: www.voxfeminae.net