10 изумителки кои ни го спасиле животот

16.07.2015 12:17
10 изумителки кои ни го спасиле животот

Прикажаниве изуми на некои жени одат стотици години во минатото. Некои од тие жени примиле признанија за придонес во текот на животот, додека други умреле во слава на истражувањата; влијанието на нивните изуми живее и денес.

Од авто-делови до отстранување очно перде, нивните изуми одат стотици години наназад. Некои од нив примиле признанија за придонес во текот на животот, додека други умреле во слава на истражувањата, но влијанието на нивните изуми живее и денес.

Мери Андерсон – авто-бришачи

Се досетила на идејата во текот на посетата на Њујорк, забележувајќи дека возачите мораат да ѕиркаат со главата низ прозорецот за да можат да гледаат кога има невреме. Патентот за гумената полуга која ја користеле возачите со помрднување на рачка во автомобилот, ѝ бил одобрен 1903 година. До 1916 година станале стандарден дел од авто-опремата во САД, а во 1917 година Шарлот Бриџвуд го унапредила изумот и ги патентирала автомобилските бришачи.

Ада Лавлејс – програмирање

Позната како ќерка на поетот Лорд Бајрон, мајката Анабела Милбенк ја поттикнувала Ада да ѝ се посвети на математиката, што во 1800-те години било реткост за жена. Лавлејс сега е насекаде позната како првата компјутерска програмерка. Нејзината работа на овој проект станала инспирација за модерните компјутери.

Кетрин Бур Блоџет – анти рефлексно стакло

Не само што била првата вработена жена во американската мултинационална корпорација General Electric, туку го изумила и невидливото стакло кое го користат хемичарите/ките и физичарите/ките во изработката на камери и микроскопи. Хемичарот Ирвинг Лангмјур ја поттикнувал на соработка на проекти, а нејзиното откритие во текот на независното истражување резултирало со изумот анти рефлексно стакло во 1938 година. Како многу изумители/ки, Блоџет не запрела тука, туку продолжила со изумот на димните завеси, што ѝ користело на војската во текот на Втората светска војна, штитејќи ги од отровниот чад.

Флоси Вонг-Стал – метод за тестирање ХИВ

Флоси Вонг-Стал помогнала во откривањето на вирусот што предизвикува СИДА и била првата која ги детектирала ХИВ гените така што го клонирала вирусот. Заедно со тим соработници/чки, го патентирала методот за тестирање СИДА и продолжила да работи на лекување на оние кои ја имаат таа болест.

Мери Волтон – уред за намалување на загадувањето на околината

Во доцните 1800-ти, ѝ биле одобрени два патенти откако го измислила системот кој може да ја намали емисијата од оџаците и возовите. Нејзиниот изум го пренасочил загадувањето во цистерни за вода, од каде се испуштало во санитарен јазол. Исто така, се прославила со изумот систем за намалување звучни вибрации на железничките пруги.

Патриција Бат – ласерско отстранување очно перде

Патриција Бат го измислила Laserphaco Probe за лекување перде во осумдесеттите, со што станала првата афроамериканска лекарка која добила патент за медицина. Сондата користи ласер за безболно отстранување очно перде, за разлика од претходните методи за отстранување со помош на уред кој наликува на сврдел. Покрај тоа, го основала Американскиот институт за спречување слепило.

Ана Конели – излез за итни случаи

Во 1887 година, Ана Конели создала нешто што ќе спречи смрт на многумина во повеќекатниците. Го патентирала надворешниот излез за итни случаи, што всушност бил мост опкржен со огради со отвори на крајот. Мостот овозможувал сигурно бегство од една зграда во друга за време на пожар.

Росалин Јалоу – радиоимуно тест

Во 1959 година, Росалин Јалоу соработувала со Соломон Берсон на изумот радиоимуно тест (RIA), метода за анализирање мали количини биолошки активни супстанци, како што се крвта и ткивото. Една од најважните употреби било идентификувањето вируси како што е хепатитисот во крвните групи со цел превенција на нивниот пренос. Исто така, методот можел да ги одреди ефективните нивоа на дозите лекови и антибиотици. Јалоу била наградена со награда за физиологија или медицина во 1977 година.

Стефани Кволек – арамидно влакно

Главно случајно, Стефани Кволек во 1971 година го открила решението кое е петпати посилно од челик, но полесно, како и отпорно на корозија. Познато како арамидно влакно, состојката се користи за производство на многу производи за спасување животи како шлемови, елеци отпорни на куршуми и висечки мостови.

Марија Кири – радиум

Заедно со сопругот Пјер ги открила радиумот и полониумот. Откритието било клучно за развојот на рентгенските зраци. За жал, влијанијата на радијацијата тогаш не биле познати, а пионерката на радиоактивноста умрела како последица на тоа.

Извор: http://www.voxfeminae.net/