Листа на осум книги на Нил де Грас кои секоја интелигентна личност би требало да ги прочита

19.07.2015 13:16
Листа на осум книги на Нил де Грас кои секоја интелигентна личност би требало да ги прочита

Како да се „има продлабочен увид во она што било суштински значајно во историјата на западниот свет“.

Во декември 2011 година, американскиот астрофизичар, Нил де Грас Тајсон - шампион во науката, прокламатор на космичката перспектива, господар на саундбајтот, беше учесник во серијата на јавни прашања и одговори на Reddit, „Ask Me something“. Еден читател го поставил следното прашање:„Кои книги би требало да ги прочита секоја интелигентна личност на планетава?“

Приклучувајќи се на историски познатите листи за читање, составувани од страна на познати личности - вклучувајќи ги и оние составени од Лав Толстој, Алан Тјуринг, Брајан Ино, Дејвид Боуви, Стјуарт Бренд, и Карл Саган - Тајсон ги нуди следните осум фундаментални дела, секое проследено со краток, а понекогаш и ироничен коментар за тоа „како содржината на книгата влијаела на однесувањето на луѓето кои го оформиле западниот свет“:

1.„Библијата“.
Да научите дека е полесно другите да ви кажуваат што да мислите и во што да верувате, отколку да мислите со своја глава.

2.„Системот на светот“ од Исак Њутн.
Да научите дека универзумот е познато и достапно место.

3.„За потеклото на видовите“ од Чарлс Дарвин.
За да дознаете повеќе за нашето сродство со целиот жив свет на Земјата.

4.„Гуливеровите патувања“ од Џонатан Свифт.
Да научите, меѓу другите сатирични лекции, дека во поголемиот дел од времето луѓето се Јахуи.

5.„Ерата на Разумот“, на Томас Пејн.
Да научите дека силата на рационалната мисла е примарен извор на слободата во светот.

6.„Богатството на народите“, на Адам Смит.
Да научите дека капитализмот е економија на алчноста, сила на природата сама по себе.

7.„Уметноста на војувањето“ од Сун Цу .
Да научите дека чинот на убивање на другиот може да биде издигнат на ниво на уметност.

8.„Принцот“ на Николо Макијавели
Да научите дека луѓето кои не се на власт ќе сторат сé што можат за да ја добијат, а луѓето на власт, ќе сторат сé што можат за да ја задржат.

Тајсон додава:

„Доколку ги прочитате сите горенаведени дела, ќе имате продлабочен увид во голем дел од она што претставувало двигател на историјата на западниот свет“.

(Покрај тоа, она што исто така претставувало движечка сила во историјата, очигледно е и систематското исклучување на женска перспектива. Прототипот „интелигентна личност“ не би бил комплетен доколку, исто така, во најмала рака не го прочитал/а есенцијалниот текст на американската новинарка и критичарка Маргарет Фулер, „Жената во деветнаесеттиот век“ кој е достапен и како бесплатна e-книга, како и „Женска мистика“ на американската феминистка и политичка активистка, Бети Фридан.

Но, се разбира, прашањето на различноста може да премине во бесконечна расправа и која било листа е осудена да биде патолошки нерепрезентативна за целото човештво - предизвикот го упатувам на повеќе места - па селекциите на Тајсон остануваат неопходни и покрај нивната хромозомска непропорционалност.

Се надевам дека во иднина ќе гледаме повеќе листи за читање составени од истакнати женски научнички, филозофки, уметнички, писателки, од минатото и од сегашноста. Според моите сознанија, ниту една таква листа досега не била објавена - освен можеби дневникот на Сузан Сонтаг, кој во суштина е една листа за доживотно читање.

Извор:www.brainpickings.org