Гоблени од хардкор порнографија

23.07.15 10:37

Додека Леа Емери од Брисбејн работела за производител на видео игри, на нејзиниот мејл и покрај филтрите, успевал да пристигне експлицитен порнографски спам. Не била сигурна како тоа да го инкорпорира во својот уметнички израз, сè додека не решила да експериментира со гоблени, медиум кој во тоа време бил невообичаен за неа. Одлучила да ги комбинира двете нешта и оттогаш прави гоблени со хардкор порнографија. Правењето гоблени нуди пикселизирана естетика, која е на пониско технолошко ниво од пикселизацијата на компјутерите, медиумите на современата порнографија.

„Ми се допаѓа идејата за придонес кон здрава сексуална дебата“, вели Емери. „Мислам дека сите ние можеме да имаме многу поздраво разбирање и пристап до сексуалната природа ако зборуваме за тоа малку повеќе.“

Извор: http://www.juxtapoz.com/

ОкоБоли главаВицФото