Ослободување од вмровското ропство!

25.07.2015 00:09
Ослободување од вмровското ропство!

Да беше Македонија автомобил, а Груевски возач, човекот ќе останеше без дозвола уште во 2007 година!

Особено, пак, ако јас бев полицаец!

Мора да се најде начин решенијата што важат на пониските нивоа да важат и за највисоките.

Кога еден премиер ќе собере одредена квота казнени поени, автоматски да го губи правото да управува со се што е надвор од неговиот џеб!

Односно со сè освен со своите јајца и со клучевите од автомобилот за кој исто така нема да има дозвола!

Добро, и со денарите што не можат да пропаднат низ дупката што Боркица заборавила да ја сошие!

Или Надето!

Мартин Нешковски: 1.000 негативни поени, трајна забрана за управување со Македонија и ќотек до посерување!

Смилковци: 5.000 негативни поени, трајна забрана за управување со Македонија, камења во џебовите и Вулфовски влез во езерото!

Куманово: 8.000 негативни поени, трајна забрана за управување со Македонија и тромблонска мина во стомакот!

Не на избори, автоматски му се анулира лиценцата!

Во тој случај, технички би било невозможно еден лудак по девет години апсолутна власт, на сопственото и на нашето конто да регистрира вакви штети.

Да нè убие и да вика дека не сме живи зашто сакаме да ги заебаваме неговите проекти.

***

Централното прашање во завршните операции за ослободувањето на Македонија од вмровското ропство нема да биде која будала ќе се нафати да биде „мали груица"; велам будала, оти не можам да смислам колку-толку нормален човек кој би се нафатил, дури и за бисери, сто дена да се валка ко свиња во груевистичката кал, туку кој ќе биде и дали воопшто ќе биде новиот јавен обвинител со специјални задолженија; и, се разбира, најмногу од сè: дали специјалниот обвинител ќе има сет специјални попусти за апашанатската елита или ќе работи во предметот „Груевски“ како што нормалните обвинители работат по предметите за скопските кокошкари и крадачите на велосипеди и локомотиви од некое депо!

Дали, еве јавно сакам да го прашам Заев, се договорени некои бенефити за Груевски или човекот ќе биде приведен, ќе му биде одземен пасошот, ќе биде пратен во притвор, притворот ќе му се продолжува најмалку колку за Кежаровски, ако обвинителот побара од истражниот судија, врз основа на релевантни докази и индиции, не врз основа на одмазднички мераци, дека човекот може да избега, да го повтори делото или да влијае врз сведоците во предметите корупција, грабеж, злоупотреба на службените овластувања, велепредавство, злосторничко здружување против народот и државата и многу други, убиства во својство на одговорно лице, свесно доведување во опасност на животот и имотот на луѓето, посебно на припадници на безбедносните служби и така натаму, поткопување на економските основи на државата, исмејување на граѓаните и подигравка со нивниот културен и национален идентитет со незаконска изградба на циркузантски зданија, геноцид, односно политика со која свесно од своите животни амбиенти се протерани најмалку 500.000 луѓе, прикривање на злосторства и докази за тешки кривични дела, фабрикување на докази и стигматизација на невини луѓе преку таканаречената лустрациска комисија, изборни грабежи и фалсификати, целосно уништување или приватизација на државните институции, разорување, темелно разорување на медиумскиот простор и на медиумите, притворање, процесуирање и затворање на невини лица не како резултат на грешка во правосудниот систем, туку како плод на политичката манипулација и на одмерениот опортунитет, целосна дискредитација на меѓународната позиција на државата како злосторничка интенција, загрозување на безбедноста на државата и луѓето...

Тука решив да прекинам зашто сфатив дека постои опасност читателот да се крене од веце школката да си го избрише газот и да ме откачи скроз на скроз! Но, мислам дека сеуште има простор да прашам уште еднаш: има ли некој анекс кој ги утврдува овие прашања и ако има за кого се однесува односно дали на листата на привилигираните е само Надвојводата Шарло или има таму уште некое име.

Ние знаеме дека сите горенаведени дела се сторени, дека како резултат на тие дела има огромни материјални и нематеријални штети и човечки жртви, дека првиот човек на злосторничкото здружување и неговата фамилијарна екипа се одговорни и директно и конкретно, како индивидуи и по линија на својата функција преку која преземале криминални работи или не ги спречувале криминалните работи; милион сведоци може да обезбеди секој јавен обвинител, секој човек во Македонија е сведок на злосторствата, доказ е животот на Македонија и во Македонија, билансите, тендерите, буџетите, фактурите, анексите и дури на крај-снимките. Може да се расправа за мотивите, но не за тоа дека авионот се заринкал во Алпите и дека Лубиц го заринкал со се патниците и екипажот. Но, признавам дека правните формулации и комплетниот процес мора да се над овие издржани, но, сепак, лаички реакции.

Не е работата во тоа Груевски и неговото друштво да се пратат в затвор, ама работата не смее да се сведе ниту на тоа да не завршат в затвор во името на некои други повисоки или пониски цели. Работата е во тоа да се реконституира правниот поредок без кој Македонија не е можна и тука никакви политички договори за никого не смеат да важат! Не е можно Верушевски да добие три години затвор за незаконско држење на пиштол, а луѓето кои незаконски, со години држат невини луѓе по затворите и во притвор, да решаваат за судбината на земјата и да одат на избори!

Или, можно е, но, во тој случај државата не е држава!

Јас лично не можам да замислам држава во која злосторниците од овој калибар се натпреваруваат на парламентарни избори, но ако во транспарентен и високостручен, морално неспорен правен процес се докаже дека моите импресии и импресиите на граѓаните се само импресии и дека луѓето се невини - бујрум, јас ќе се иселам и ќе продолжам да критикувам, но правните аргументи ќе бидат на нивна страна и готово!

***

Во врска со јавниот обвинител сакам да поставам уште едно прашање: што ќе биде ако една или повеќе партии одбијат да дадат согласност за неговото именување!? Утврден ли е приоритет на опозициските партии или некое арбитрарно ниво кое без одлагање ќе наметне свое решение!?

Другите прашања се помалку важни. Освен, можеби, следново: какви се инструментите на опозицијата и на граѓанскиот сектор да го спречи бришењето на трагите на злосторот или какви се нивните ингеренции да спречат нови злосторства на власта, од пљачки до убиства и физички напади врз поединци!?

Маневски е машината во која пред девет години Груевски ги напика судиите и правосудството, а овој по само две-три години варење во киселините на стравот и ензимите на корупцијата, успеа да исере бројчиња и списоци кои потоа завршија кај Гоца и Сашо како главни оперативци на злосторничкото здружување. Подобро е Ѕинго да го ставите директор на трезорот со седиште во Кратово и да му дадете неограничени овластувања на специјален трошаџија! Или Срѓан Керим да го ставите за шеф на Меѓународниот фонд за рехабилитација на медиумите, а Дудлиќка во витрината на некоја јавна куќа! Со тоа што целава галерија џубокси може да се ресетира; тие знаат една песна да пеат ако им ставиш шише со евра во газот, а сосема друга ако шишето е празно. Во Свети Николе за нив велат: говеда, чиста стока!

Слушам дека Ставревски би можел да биде Косор за нашиот Санадер! Ја поздравувам таа идеја, станува збор за интересно говедо! Не, не мислам на Косор, таа е, сепак, обична крава!

Како и да е, договорот од Пржино е важен дел од завршните операции за ослободување на Македонија од вмровското ропство! Меѓународната заедница оцени дека е опортуно злосторничките здруженија на вмро и дуи да се третираат како политички субјекти, а не како криминални групации. Ако тоа нè води до моментот кога ние ќе можеме да ги третираме така како што заслужуваат, тогаш в ред. Во принцип, сите партии кои учествувале во власта од 2006 година наваму се злосторнички и антиуставни и треба да се избришат од регистерот, односно да се забранат!

Слики: Свирачиња (Американскиот врколак прави пуздер по Скопје!)

Извор: Слободен печат