Бесплатно преземање на деби албумот „Мис Слобода“ на Телемама

25.07.2015 12:19
Бесплатно преземање на деби албумот „Мис Слобода“ на Телемама

„Мис Слобода“ е деби албум на Телемама, проект/псевдоним или музичка инкарнација на визуелната уметница Драгана Заревска. Станува збор за збирка од 10 „навидум едноставни песни, отсвирени на акустична гитара и укулеле, комбинација на лични приказни и социјална поезија, нежни и истовремено благо морничави”.

Всушност, нејзината музика е фузија на различни, често контрастни елементи. Таа е: минимална, чудна, нежна, чкриплива, инди, интимна, недефинирана, мрачна, светла...

Првичниот план на Телемама бил едноставно да свири мали акустични концерти за пријатели, во нивните пријатни и удобни домашни простори. Подоцна, таа сепак продолжува да има и сценски изведби.

Нејзиниот деби албум е колекција од домaшни снимки создадени во интимен простор, некаде помеѓу мали сипаници, улични протести и сопруг на службено патување.

Албумот е достапен за бесплатно преземање на Bandcamp: 

telemama.bandcamp.com/releases

 

„Вале Терешкова“ беше песна-предвесник на новиот албум на Заревска. Најпрво се најде на компилацијата „Некои девојки“ на продукцијата „Ако никој не свири“, а од неодамна доби и видео запис зад кој стои Љубица Манасиева:www.youtube.com/watch