По фондацијата на Сорос, ВМРО-ДПМНЕ ќе бара да ја води и Социјалистичката интернационала

27.07.2015 15:07
По фондацијата на Сорос, ВМРО-ДПМНЕ ќе бара да ја води и Социјалистичката интернационала

Веднаш откако ќе бидат реализирани заложбите на идеологот Ивона Талевска за поделба на власта во фонадациите на Сорос, при што филијалата во Македонија би му паднала на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија ќе бара да го добие раководното место и во Социјалистичката интернационала. Извори блиски до Талевска, велат дека ВМРО-ДПМНЕ има одлични кадровски решенија за двете позиции. За фондацијата Институт отворено општество, партијата би ја кандидирала токму девојката од милион долари – Ивона, додека за Социјалистичката интернационала главен претендент е Влатко Ѓорчев.

– СДСМ доколку сака може да добие заменик во Сорос, и тоа супервајзор со право на вето. На тој начин би се обезбедло финансиска поддршка на провладините медиуми во земјава кои со години дишат на шкрги, да не речам живеат како мечки во пештера. Не се живее само од владини реклами, а гледате дека и тендери почнаа да поништуваат од малку неетички причини. Тоа не е во ред и може да се корегира со осовјување на фондацијата на Сорос – смета Талевска.

Ѓорчев не ги коментираше шпекулациите за Интернационалата, но рече дека е горд што неговата партија е најлевичарската организација северно од Сириза. За да не пропаднат црквите, ќе се воведе и социјалхристијанство, како замена на демохристијанството.

Извор: www.kozanostra.net