Рамбо Амадеус: Власта е огледало на народот

29.07.2015 12:11
Рамбо Амадеус: Власта е огледало на народот

Рамбо Амадеус вели дека во своите песни не се занимава со одредени поединци, туку дека поединците на власт се само дијагноза на општествениот и секој друг момент во кој живееме.

„Затоа тие се и неважни. Но, важен е менталитетот на луѓето. А менталитетот е како некаков темел – куќата можете повторно да ја бојадисате, да ги замените циглите, да ставите нови прозорци, но темелот останува. Тоа ме интересира, и јас всушност пеам за нашиот менталитет, за кој ми изгледа дека има шанса малку да се промени кон подобро. И тоа со помош на интернетот, Фејсбук, социјалните мрежи, од нив децата добиваат малку повеќе неконтролирани информации, што е добро. Бидејќи родителите најмногу го забавуваат нивниот развој, тие сакаат нивните деца да личат на нив, и потоа ги ограничуваат во сè.“

Тој истакна дека власта „секогаш била и ќе остане, само огледало на народот“.

„Во Црна Гора на власт е Мило, бидејќи најмногу личи на црногорскиот народ, црногорскиот народ може да се огледа во него, точно да ја види својата рефлексија. Тома и Вучиќ се огледало на српскиот народ, нивна „слика и прилика“, и тоа едноставно е така. Власта не може да биде ниту полоша, ниту подобра од својот народ. Затоа власта никогаш не е проблем, туку карактерот на поединецот, и затоа јас во своите песни, всушност, не зборувам против власта, туку за нас и за нашите ограничувања и грешките во карактерот. Онаа секунда кога народот, да речеме, ќе личи на мене, а јас на народот, тогаш можеби нешто и ќе се промени“, рече Амадеус.

Тој оцени дека најголемиот проблем на нашиот менталитет е верата во задгробниот живот.

„Овде луѓето слепо веруваат дека ќе живеат негде ’горе‘, и тогаш овоземскиот живот не го сфаќаат доволно сериозно, и некако не се многу ангажирани околу него. Едноставно дозволуваат да ги носи водата. Доброто во нашиот менталитет е тоа што луѓето не се многу амбициозни, но тогаш кога благородните луѓе не се многу амбициозни, за жал, тогаш им се дозволува на овие примитивните, неблагородните, да ги остваруваат своите амбиции. Така ние имаме едно општество кое е карикатура – во кое најпримитивните ги оствариле своите амбиции, а благородните не ни смислиле што ќе прават“, рече пејачот.

Извор: http://bulevar.b92.net/

Слични содржини

Општество / Теорија
Општество / Историја
Општество / Балкан / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото