Концерт на Клаус Легал и поетско читање на Кристоф Зибер во културниот центар „Кула“

30.07.2015 12:04
концерт на Клаус Легал и поетско читање на Кристоф Зибер во културниот центар „Кула“

Како дел од алтернативната музичка програма во културниот центар „Кула“, во петок (31 јули) ќе се претстават француските автори Калус Легал и Кристоф Зибер. Во пресрет на топлиот и сув скопски воздух, во вечерните часови во Кула ќе имате прилика да бидете дел од електро-клеш-панк освежување кое ќе ви ги наполни батериите за ова креативно лето.

https://www.facebook.com/events/1656615791221578/

Со мини синтизајзери, ритам-машина, микрофон и звучни ефекти, Клаус Легал прави музика во која говори за животот како сон или кошмар, под влијание на Suicide, DAF или Crash Course In Scıence. Кога излегува од својата соба тој е маскиран и се крие помеѓу ноќта и темнината.

https://klauslegal.bandcamp.com/

Според некои критичари, поезијата на Кристофер Зибер е полна со неминовна вистина која за миг ќе ги остави читателите без здив. Овој автор е осуден да пишува, секогаш, нон-стоп, без пауза, и да не се прашува вистински за свет кој за него не е искрен. Неговата нова книга „ To Cut the Universe“ се надоврзува на таа линија. Кога е последниот пат кога сте сакале да се самоубиете? За вас одговорот е никогаш? Тоа би требало да е случајот со сите, претпоставувам. Но во свет како овој

http://christophekonsstruktsiebert.blogspot.com/

Повелете на електронско уживање од психоделични звуци кои ќе ве остават без здив.
Искрено ваши,
Кула

ОкоБоли главаВицФото