Среќен роденден, Мифи!

30.07.2015 15:49
Среќен роденден, Мифи!

Зајачицата Мифи го слави 60-тиот роденден!

Дик Бруна создаде икона

Еднолична сина позадина, црни контури, обичен портокалов триаголник и наједноставен вкрстен знак на местото на устата - така ја црташе зајачицата Мифи (Miffy) нејзиниот создавач, Дик Бруна.

Во чест на шеесеттиот роденден на овој култен лик, во Амстердам, Утрехт и Ден Хаг, ќе продефилира парада со десетици статуи направени според ликот на зајачицата Мифи, кои само за таа пригода се осмислени од страна на 45 уметници.

Симбол на модернизмот

Овој лик му нема конкуренција во светот, освен во Јапонија, каде што ѝ парира белото маче наречено Hello Kitty. Но, и во Јапонија Мифи е неверојатно популарна; на пример, на изложбата поставена во Токио јубилејот на Мифи за еден месец го проследиле 160.000 посетители! 

Многумина западни критичари и историчари на (популарната) уметност Мифи ја сметаат за култно дело на модернизмот, речиси модернистички симбол, а Бруна го споредуваат со Модријан и Матис.

Фустани наместо панталони

Кога творецот на Мифи размислувал околу полот на неговиот лик, се одлучил да биде женски бидејќи не сакал да црта панталончиња. Повеќе сакал на зајчето да му црта фустани.

Секоја од неговите приказни секогаш има СРЕЌЕН КРАЈ, а ликовите намерно се направени во мал формат, за децата да знаат за кого се наменети.

Досега излегоа 32 сликовници

Во 1955 година Бруна првпат ја нацртал зајачицата („Мифи во зоолошка градина“). Инспирација добил откако на синот му раскажувал приказна за зајакот што го виделе во природа.

Досега се издадени 32 сликовници со авантурите на Мифи. Секоја приказна има 12 страници.

Возраста на децата кои Бруна ги замислувал како своја читателска публика е од 4 до 8 години.

Бруна за ривалитетот со Hello Kitty

„Кити е обична копија на мојата Мифи. И тоа воопшто не ми се допаѓа. Јас не работам на тој начин. Секогаш се обидувам да измислам нешто ново, никогаш не копирам.“

Франшизата се шири

Мифи сликовници, цртани филмови, облека, играчки, очила, мебел, прибор за пишување. Мифи е маскота и на радикалните еколози.

Мифи и пријателите

Покрај популарната зајачица, во франшизата се појавуваат и други ликови: кучката Снуфи со три кутриња, мечето Борис и неговата девојка Барбара, прасето Попи со внуката Грунти, пријателот Ден, вујкото Пилот, таткото и мајката Зајко и Зајачица...

Рекоа за Мифи

„Велат дека Мифи е наивна и детинеста. Но, токму затоа е интересно да ѝ се додаваат религиозни и национални детали. Таа е идеално празно платно. А може да биде и опасна.“

Хуго Кагман, уметник

 

„Мифи е чист зен, а Бруна е мојот херој. Тој ме научи како да го искористам празниот простор. Неговите цртежи се лекција за едноставноста.“

Пиет Парис, моден илустратор


 

Слични содржини

Свет / Култура / Теорија / Историја
Општество / Активизам / Култура / Теорија / Историја
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Стрип / Култура / Историја

ОкоБоли главаВицФото