Поглед однатре

01.08.15 13:49

Во овие дигитално обработени портрети некои сликовни конвенции се редефинирани за да ги прикажат искуствата на луѓе чија претстава за реалноста не секогаш се поклопува со онаа на другите.

Десетте фотографии кои го сочинуваат проектот „Поглед однатре“ се базираат на принципите на портретот од осумнаесетти век, за да им се даде форма на некои од посебните реалности доживеани од
различни луѓе за време на психотични епизоди.

Иако луѓето кои се фотографирани овде изгледаат целосно „нормални“, нивната способност да функционираат во рамките на општеството, во одреден степен, е под влијание на доживеаното психичко „растројство“ како што е биполарното или шизофренијата.

Визуелните, аудиторните и другите сетилни феномени кои се случуваат за време на психотична епизода им противречаат на прифатените претстави за „реалноста“, но сепак за една личност тие остануваат аспсолутно реални. Во секоја од овие фотографии, надворешниот изглед и внатрешното доживување на субјектот се доловени со единствен, формално структуиран портрет.

Базирано на верувањето дека во надворешниот изглед на личноста се огледува неговата или нејзината субјективност или “внатрешен“ идентитет, традиционална задача на портретирањето е да создаде нечија надворешна „сличност“.

Како и да е, во овие фотографии физичкиот израз на субјектот не открива ништо за неговиот или неговиот/нејзиниот внатрешен свет. Опкружувањето (врвно конструирано), спојувајќи го погледот низ прозорецот со подредувањето значајни предмети, е она кое го навестува приватниот свет на секоја индивидуа.

Целта на делата не е да се прикажат како егзотични „нереалните“ или бизарните перцептивни искуства на портретираните луѓе, туку да се пронајде визуелен јазик кој би провоцирал дискусија, како и да се продлабочи нашето разбирање за менталната болест, особено за психозата.

Фотографиите ги придружува и книга којашто вклучува изјави од секој учесник и есеи од канадскиот културолошки теоретичар Џоан Рандолф и британскиот психијатар, проф. Греам Торникрофт.

Извор: www.alexawright.com

Слики: Алекса Врајт

Слични содржини

Фотографија / Психологија / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Екологија / Око

ОкоБоли главаВицФото