Решеније на АСНОМ за отдавање признаније и благодарнос на Народно-ослободителната војска

02.08.2015 12:05
Решеније на АСНОМ за отдавање признаније и благодарнос на Народно-ослободителната војска

Првата Македонско-косовска бригада во февруарскиот поход, 1944

 

Првото пленарно заседање на АСНОМ го изразуе своето признаније и народната благодарнос на Главниот штаб на Народно-ослободителната војска и партизанските одреди на Македонија за изградуењето и организуењето на нашата народна војска и за успешно раководење на операциите во борбата против непријателите на нашиот народ.

Првото пленарно заседање на АСНОМ ја изразуе долбоката благодарнос на Главниот штаб за неговата сестрана политичка работа околу собирањето на сите патриотски сили на нашиот народ, подигнуењето на името на нашата земја пред туѓина и работата околу изградуењето на истинска демократска народна влас.

Исто така, првото пленарно заседање на АСНОМ го изразуе народното признаније благодарнос на борците од Народно-ослободителната војска, образувана од најсвесните и најдобрите синој на македонскиот народ, на борците што со својата крв и коски, со својата херојска борба и надчовешки напори ги донесоа постигнатите победи, а во заедничката борба со Народно-ослободителните војски на останалите братски народи на Југославија ги поставија основите на македонската држава и слобода. Народно-ослободителната војска је најголемата придобивка на нашата народно-ослободителна војна.

Првото пленарно заседање на АСНОМ веруе оти нашето воено раководство, а на чело со Главниот штаб, заедно со борците на Народно-ослободителната војска ке одат од победа до победа се до крајното изгонуење на окупатрите од македонската земја.

Во манастирот „Св. Отец Прохор Пчињски“ на Илинден 2 август 1944 год.

 

Извор: Документи од создавањето и развитокот на Н.Р. Македонија (1944-1946), Државно книгоиздателство на Македонија, Скопје, 1949

Забелешка: поради доловување на изворноста и специфичниот јазик на документот, во текстот не се вршени никакви корекции.