После сликата (After Image*)

02.08.2015 16:52
После сликата  (After Image*)

За време на соработката со неврологот Џон Кју и невропсихологот проф. Питер Халиган за истражување и визуализирање фантомски екстремитети, интервјуирав и фотографирав осум луѓе со ампутирани екстремитети. Потоа направив серијал фотографии со секоја личност која ја интервјуирав.

Луѓето се фотографирани во сопствените домови. „Чист“ (straight portrait) портрет е вклучен во секој од серијалите за да ги „нормализира“ бизарните слики на фантоми.

Покрај секој сет слики е изложен текст, извадок од интервјуто, во кој што секоја личност го опишува искуството со нејзиниот фантомски екстремитет.

Делото има за цел да го доведе во прашање концептот за „нормално“ тело и да ја истражи врската помеѓу идентитетот и телото со цел да ги предизвика јавните ставови за физичките нееднаквости и пречки во развојот.

Уште од нивното создавање во 1997 год, фотографиите од серијалите „After images“ се прикажани во широк спектар на уметнички и научни контексти, национални и интернационални.

Овој проект беше еден од првите Научно- Уметнички Колаборации спонзорирани од Welcome фондот.

*Сензација или визуелна слика предизвикана од визуелниот стимул, која продолжува да опстојува и откако оригиналниот стимул кој ја предизвикал повеќе не е оперативен. Освен afterimage, се нарекува и фотоген (photogene).

Слики: Алекса Врајт

Извор: www.alexawright.com


 

ОкоБоли главаВицФото