Над половина милион луѓе избегале од независна Македонија!

03.08.2015 14:05
Над половина милион луѓе избегале од независна Македонија!

Егзодусот на македонските граѓани од сопствените политичари-маглопродавачи - резултатот е 550.000 иселени жители

 

Многу често читам различни заблуди за тоа колку лица се отселени од Македонија. Новинарите милуваат да кажат „неколку десетици илјади“, или други „да претераат“ до 200.000 луѓе. Во последната „илинденско-патриотска“ колумна на надалеку познатиот Влатко Ѓорчев, меѓу другото, при наводно здрава свест и совест, тој ја пишува и оваа реченица: „На тој начин, паѓа уште една лага на опозицијата дека последниве 8 - 9 години од Македонија се иселиле 100, 200 или 300 илјади луѓе“. Но да видиме дали тоа е навистина лага или можеби Ѓорчевите инсинуации и продавањето магла е всушност лага.

Бидејќи таква статистика не може да добиеме од државниот завод за статистика поради неспособноста или неволноста да се спроведе попис уште од далечната 2002 година (само Македонија и Сомалија немаат спроведено попис во последните десет години), тогаш мора да побараме компаративни податоци од други места. Релевантни извори се европскиот статистички институт Евростат и Светската банка.

Според Светска банка, до 2010 година се отселени 447.100 жители. Ако со метод на екстраполација се додадат уште 90.000 до 2014, вкупната бројка е 537.100 жители. Според проекцијата за 2015 година, тоа се вкупно 550.000 жители или 27% од популацијата на Македонија. Во секоја нормална држава ваквата бројка би го вклучила алармот за тревога! Ваков егзодус каков што спроведуваат нашите политичари врз сопствените граѓани не им успеал дури ни на Грците.

Ѓорчев на крајот на колумната упатува честитка за Илинден. Еве и јас да упатам. Нека ни е честит Илинден. Свет ден за македонскиот народ. Се надевам дека следниот, Илинден 2016, граѓаните на Македонија ќе го дочекаат во слободна и демократска Македонија, во која повеќе нема да има политичари-маглопродавачи! За доброто на сите нас.

Изворите на информации може да ги прочитате подолу.

Macedonia, UPPER MIDDLE INCOME Population (millions, 2009) 2.0Population growth (avg. annual %, 2000–09) 0.2Population density (people per km2, 2008) 80.1Labor force (millions, 2008) 0.9Unemployment rate (% of labor force, 2008) 33.8Urban population (% of pop., 2009) 67.4Surface area (1,000 km2, 2008) 25.7GNI (US$ billions, 2009) 9.4GNI per capita, Atlas method (US$, 2009) 4,400GDP growth (avg. annual %, 2005–09) 3.6Poverty headcount ratio at national poverty line (% of pop., 2005) 0.3Age dependency ratio (2009) 42.4

Migration
EMIGRATION, 2010Stock of emigrants: 447.1 thousandsStock of emigrants as percentage of population: 21.9%Top destination countries: Italy, Germany, Australia, Switzerland, Turkey, Austria, Slovenia, Croatia, France, Canada
SKILLED EMIGRATION, 2000Emigration rate of tertiary-educated population: 29.1% Emigration of physicians: 91 or 2.0% of physicians trained in the country (Source: Bhargava, Docquier, and Moullan 2010)
IMMIGRATION, 2010Stock of immigrants: 129.7 thousandsStock of immigrants as percentage of population: 6.3%Females as percentage of immigrants: 58.3%Refugees as percentage of immigrants: 1.0%Top source countries: Albania, Turkey, Serbia, Bosnia and Herzegovina

http://siteresources.worldbank.org/INTPROSPECTS/Resources/334934-1199807908806/MacedoniaFYR.pdf

Social Impact of Emigration and Rural-Urban Migration in Central and Eastern Europe

Извор: Фејсбук профилот на авторот

Слика: Небојша Гелевски

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото