Слики од кафе

04.08.15 12:18

Кафето за многумина е пијалак без кој не можат да го започнат денот. Милијарди луѓе на планетава го сакаат поради неговиот вкус или освежувачкото дејство, но за уметницата Џулија Бернардели една шолја кафе нуди многу повеќе од тоа. Оваа Италијанка го користи кафето за да создаде мистичен ефект кој е многу повибрантен отколку кај стандардните акрилни и водени бои.

„Почнав да пијам кафе пред нешто помалку од една година, кога одеднаш тоа ми се истури. Неочекувано, нов свет се појави пред моите очи, свет составен од убави, недофатливи сенки, секоја различна од другите“, вели Бернардели.

Како и бојата, и кафето функционира на сличен начин во однос на светлината и волуменот, но со специфична сензуалност. Спонтаноста при креативниот процес и користењето необичен материјал за сликање ѝ овозможуваат на Џулија да создаде магични слики.

Извор: The Creators Project