Срамен пи-ар на премиерот

04.08.2015 15:13
Срамен пи-ар на премиерот

Грујо, тоа што си отишол да се сликаш во Tетово заедно со успешниот Чавков и уличарот Пешевски, нормално, без ниеден министер Aлбанец, зашто, нели, тие ги сметаш за Индијанци (освен кога делиш тендери) е уште еден доказ за твоето лицемерие.

Ќе си направел сè да им помогнеш, така? Па зошто во 21 век тие луѓе живееат како во среден век без никакви елементарни услови за живот, а?

Оди сега објасни им на семејствата што ги загубија децата дека парите ги инвестираш во барок, дека за тебе бронзата е над сè, дека е важно тоа што палмите си добија тушеви па нема да има потреба да ги мислиме. Лицемеру, преку Анал 5 се обидуваш да направиш пи-ар од синоќешната трагедија, претпоставувам во соработка со експертот за куртон вести Протуѓер.

Илјада пати сум рекол е мала твојата дрскост, во споредба со нашето трпение. Ако сакаш вистински да помогнеш, (знам дека не сакаш) тогаш веднаш продај го мерцедесот, продај ги очилата (парите донирај ги за населението кое има потреба) и веднаш поднеси оставка, лично ти, заедно со цел владин кабинет.

Доста е веќе, доста лицемери гнасни што си поигрувате и го силувате сопствениот народ! Вие ќе сте ми воделе држава, глуперди неписмени, што со еден летен дожд не знаете и можете да се справите… СРАМОТА!

#мрш
#оставка
#робија

Извор: Фејсбук профилот на авторот