На Специјалната Олимпијада десет медали за натпреварувачите од Македонија

05.08.2015 10:49
Десет медали за атлетите од Специјална Олимпијада на Македонија на Игрите во Лос Анџелес

Македонските натпреварувачи на Специјалната Олимпијада што се одржа во Лос Анџелес од 25 јули до 2 август 2015 го забележаа најдобриот свој настап на една Олимпијада освојувајќи десет медали.

- Во сите олимписки дисциплини во кои се натпреварувавме, атлетика, пливање, пинг-понг и Јунифајд кошарка - освоивме медали. Со гордост се враќаме во Македонија за да ја споделиме радоста со домашната јавност. Овие Олимписки игри само потврдија дека нашите учесници со интензивни тренинзи, во рамките на програмата „Специјална Олимпијада Македонија“ можат да освојуваат медали на големи натпреварувања. Им благодариме на сите поддржувачи кои веруваа во нас и нашиот тим - изјави Ана Петровска, претседател на македонската делегација на олимписки натпреваувачи.

Носители на медали од Македонија се:

Атлетика

Јулијана Петровска - злато на 100 метри,
Ајвази Себат - сребро атлетика 200 метри,
Ајвази Себат – сребро атлетика 400 метри,
Албан Бајрамовски - сребро на 400 метри.

Пливање

Марио Мицковски - злато 25 метри слободен стил,
Стефан Трпковски - бронза 25 метри слободен стил,
Јована Павловиќ - бронза 50 метри пливање слободен стил.

Пинг-понг

Фатиме Бељур – бронза,
Давид Стојановски – бронза.

Кошарка

Унифајд тим – сребро.

На Игрите во Лос Анџелес учествуваа 7.000 натпреварувачи и 3.000 тренери од 177 земји, кои се натпреваруваа во 25 олимписки спортови.

Учеството на македонскиот тим беше овозможено со донација од Државна видеолотарија на Република Македонија.

Извор: Плусинфо

ОкоБоли главаВицФото