Како да се сними одличен феминистички порно филм

05.08.2015 11:31
Како да се сними одличен феминистички порно филм

Режисерката на феминистички порно филмови Ерика Луст ја менува порнографската индустрија снимајќи филмови кои ја осудуваат субјективизацијата жената, прикажувајќи ги жените како протагонистки, а не само како средства кои ја засилуваат машката сексуалност.

Жанрот на феминистички порно филмови ги поттикнува жените без срам да ја прифатат сексуалната рамноправност, разноликоста, и секако, сопственото уживање.

Во промовирањето на позитивната слика на женската сексуалност, Луст се им спротивставува на масовно посетуваните порнографски страници како Pornhub и Redtube, така што создаде платформа која е повеќее од потребна - проектот XConfessions во чиј склоп корисниците/корисничките можат да ги споделат сопствените приказни кои Луст ги претвора во филмови.

Платформата е наменета за жените, кои не се само задници и гради, но и за мажите, кои во порно индустријата често се оценуваат само според големината на пенисот.

Луст истакнува неколку елементи потребни за снимање одличен феминистички порно филм.

РАЗНОЛИКОСТ ВО ПОДЕЛБАТА НА УЛОГИТЕ

Луст смета дека разноликоста е клучен елемент во разбивањето на калапот на порнографската индустрија. Во своите филмови сака да понуди разноликост во типот на телесната градба и расата, различни нивоа на искуство и мноштво особености. Бара природност, отфрлајќи ја стереотипната порнографска естетика која ги фаворизира бујните русокоси и мускулестите мажи.

ЛОКАЦИЈА, ЛОКАЦИЈА, ЛОКАЦИЈА!

Ерика Луст го започнува својот креативен процес со пронаоѓање на совршена локација која диктира сè, од изборот на пригодното сценарио до изборот на глумци/глумици кои најдобро ќе се вклопат во тоа опкружување.

ЈАСНА И СПЕЦИФИЧНА ВИЗИЈА

Наместо стотината репетитивни сценарија кои ги нуди порно индустријата, Луст избира приказни кои нудат нешто ново на ниво на ликови, заплет и околности на дејството. Бара единствен пристап до некоја специфична фантазија која е воедно реалистична, неклишеизирана и веродостојна.

ОБЛЕКАТА НАВИСТИНА ИГРА ГОЛЕМА УЛОГА ВО ПРИКАЗНАТА

Кој би рекол дека облеката е од толкава важност за приказна која става толкав нагласок на соблекувањето?! Облеката е една од првите работи кои ги забележуваме во врска со ликовите. Бидејќи овие кратки филмови треба да бидат исклучително наративно ефикасни, облеката е многу корисно средство за развој на приказната.

GIRL POWER ПРЕД И ЗАД КАМЕРАТА

Меинстримот во порнографската индустрија е обележан со машка доминација на позициите на авторитет. Луст оформи продукциски тим кој главно е составен од жени. Тие ги донесуваат сите креативни одлуки и така го обликуваат сопствениот дискурс и делата кои се разликуваат од производот на предводниците на порно индустријата.

ОТВОРЕНОСТ КОН НОВИ ИДЕИ

Луст сфатила дека камерата има моќ да истакне или деформира одредени еротски замисли и детали. Затоа се води од принципот на слободна креативност, пред сè истакнувајќи го креативниот потенцијал кој лежи во сексот и слободната расправа за идеи во која владее почит.

Извор: VoxFeminae

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото