1010 hPa
73 %
20 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 09:59
Роже Дувуазан (1904-1980) е американски писател и илустратор роден во Женева, Швајцарија. Најпознат е по илустрираните книги за деца. Студирал на École Nationale Supérieure des Artsе Décoratifs во Париз, а пред да почне да се занимава со илустрирање и пишување детски книги, работел како дизајнер на разни декорации, сценографии, парчиња текстил и сликал мурали.
За своето творештво добил повеќе престижни награди: Caldecott Medal за сликовницата „Бел снег, светол снег“ во 1947 година, Deutscher Jugendliteraturpreis (1965) и втора награда Ханс Кристијан Андерсен за детски илустрации во 1968 година.
Голем дел од книгите што ги илустрирал се напишани од неговата сопруга, Луиз Фатио Дувуазан (1904-1993), која била писателка за деца. Подолу можете да ги погледнете илустрациите на Роже за нејзината најпозната книга за деца, „Среќниот лав и мечката“ од 1964 година.
Извор: myvintagebookcollectioninblogform.blogspot.com