Паника во Охрид: крадци на книги оперираат по плажите!

06.08.2015 12:58
Паника во Охрид: крадци на книги оперираат по плажите!

Охрид, 6 август 2015

Деновиве во охридскиот регион се забележани повеќе тешки кражби, во кои од туристите се отуѓени повеќе од сто книги. Од полицијата јавуваат дека станува збор за организирана мрежа на искусни крадци со добро разработена тактика. МВР се интересира за изборот на насловите кои се украдени, што сведочи за истенчениот книжевен вкус на крадците.

Првата кражба се случила во Лагадин, каде на 25-годишната Ангела С. од Скопје дрскиот крадец ѝ ја украл „Алхемичарот“ од Пауло Коелјо, додека сосема кратко се капела во езерото.

На плажата Оревче младиот Зоран С. (19) останал без македонскиот класик „Крив правец“, книга која ја препрочитувал по седми пат.

„Нема подобро четиво за опуштање на плажа после капење. Знаев дека е опасно да се носат такви книги на плажа затоа што се вистинска мамка за крадците, ама едноставно не можев да одолеам“, вели Зоран.

Ова лето засекогаш ќе го памти и студентот по агрономија и пасиониран тракторист Влатко Е. од Црешево, на кого крадците на плажа во Градиште му ја украле „Се гледаме на врвот“ од Коста Петров. Студентот со оваа книга ги скратувал здодевните летни денови помеѓу двете испитни сесии. За среќа, крадецот не ја забележал книгата „Вистината за вечноста“ од Ниче Димовски-Македон која се наоѓала во неговата торба, па тој сепак нема да умре од досада на плажа.

Полицијата интензивно трага по извршителите на кражбите и украдените книги.

Адаптирано од: www.news-bar.hr