1022 hPa
93 %
3 °C
Скопје - Чет, 23.01.2025 10:59
Во денешната масовна полициска акција изведена во раните утрински часови дознаваме дека се уапсени десетина лица, активни и поранешни функционери обвинети под сомнение за преземање непријателски дејства против државата и граѓаните, а во врска со настаните во Куманово од мај годинава. Уапсените се товарат за активно учество во подготовка, охрабрување и директна регрутација на лица со цел дестабилизација на земјата и предизвикување етничка, религиска и меѓучовечка омраза, мотивирана од тесногради приватни и партиски интереси. Меѓу уапсените има поранешни и активни министри, поранешни високи службеници од разузнавањето, потпретседатели на политички партии, пратеници, локални партиски функционери. Интересно е што меѓу уапсените има и лица кои на неколку пати ги имаат сменето идеолошките припадности.
По тој повод, Амбасадата на САД се огласи со соопштение во кое се поздравуваат чекорите на домашните власти и се поддржува продолжување на мерките со кои ќе бидат опфатени и највисоките политички, државни и партиски инстанци осомничени за случувањата кои доведоа до губење човечки животи и непроценлива материјална штета. Амбасадата на САД по тој повод навести преиспитување на дел од своите политики со кои активно и директно придонеле кон создавање на состојби и услови кои резултирале со злоупотреба на нивната помош и поддршка.
Според извори од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, нивниот став ќе биде изнесен штом добијат инструкции од Европската Народна Партија.
Вест која нема наскоро да ја прочитате и слушнете.
Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Gunduz Agayev