Можат ли пластичните „Лего“ патишта да нè одведат во позелена иднина?

08.08.2015 14:25
Можат ли пластичните „Лего“ патишта да нè одведат во позелена иднина?

Некои луѓе никогаш нема да пораснат, а тоа не воопшто не изгледа лошо кога некои инженери ќе ја пронајдат својата инспирација во кутија со играчки. Тие дизајнираа пат составен од парчиња кои личат на огромни Лего коцки, кои по потреба лесно можат да се вметнат и извадат од своето место. А најдобро од сè е што се изработени од рециклирана пластика извадена од океанот.

Патот до успехот секогаш лежи во изградбата на она што е диобро осмислено. Меѓутоа, овој нов пат сè уште не е ни во фаза на проектирање. Пластичниот пат со едноставно име Plastic Road го чекаат уште многу фази пред да стане пат по кој граѓаните секојдневно ќе се возат.

Холандскиот град Ротердам во соработка со компанијата VolkerWessels ќе се обиде да изгради прототип на пластичен пат. Холандија е вистински рај за рециклирање: според Европската агенција за животна средина, Холандија е една од ретките европски земји кои рециклираат повеќе од половина од отпадот. Планот е пластичниот отпад да се вади од морето и да се меле на груби парчиња кои потоа брзо би можеле да се стопат и преобликуваат во форма на пат. Така изградените калапи во средината имаат дупки за цевки и електрични кабли кои обично се наоѓаат под сообраќајниците.

Секако, при проектирањето на сообраќајниците по кои би требало да минуваат стотици или илјадници автомобили дневно, многу внимание треба да биде посветено на нивнатаструктурна стабилност. VolkerWessels на својата веб страница тврди дека таквиот пластичен пат би можел да издржи температури помеѓу -40 и +80 степени Целзиусови, а отпорен е на корозија и оштетувања. Исто така, од компанијата сметаат дека PlasticRoad е идеален за средини кои се наоѓаат над структурно слаба земја, како што се мочурливата почва или песокот, но неговата издржливост уште не е тестирана.

Монтажниот пат би требало да се произведува во фабрика, да се пренесе до местото на изградба, а потоа деловите да бидат поставени на предвиденото место. Во идеална ситуација, ваквиот дизајн во иднина треба да го намали времето потребно за изградба на патишта, што на крајот би требало да го намали и времето на блокирани патишта поради изградба, доградба или проширување.

„Во овој момент тоа е сè уште само идеја на хартија. Следниот чекор е нејзино спроведување и тестирање и во лабораторија, за да бидеме сигурни дека патот е сигурен и кога е мокар и лизгав“, вели Ролф Марс, предводник на овој проект.

Оваа идеја е многу амбициозна и може да помине цела година пред да ги добиеме резултатите од истражувањето во врска со тоа дали изградбата на пат од рециклирана пластика е изводлива и дали може да ги замени традиционалните патишта изградени од катран и асфалт. Исто така, ваквиот дизајн е интересен исчекор во изградбата на патишта: инженерите размислуваат не само за тоа како брзо да ги постават деловите, туку и како би можеле да го расклопат патот.

Проектот PlasticRoad не е прв пример со кој се предлага користење пластика за изградба на патишта. Индија веќе замени одредени делови од патиштата со рециклиран пластичен отпад. Замените се поцврсти и поевтини. Пластиката е штетна за околината, па наместо пластичниот отпад да се натрупува покрај патот, северноиндиската држава Химачал Прадеш одлучи да ја вгради пластиката во самите патишта.

Извор: www.iflscience.com

ОкоБоли главаВицФото