Винтиџ сликовници: Really Spring

08.08.15 14:12

Маргарет Блој Греам (1920-2015) е канадска писателка за деца, но многу попозната е како илустраторка на сликовници. Најпознати се нејзините илустрации за сликовницата „Валканото куче Хари“ (1956), како и други книги од серијата за Хари напишани од нејзиниот сопруг Џин Зион.

Блој Греам студирала историја на уметност на Универзитетот во Торонто, каде дипломирала 1943 година. По дипломирањето, посетувала летен курс за уметност на Art Students Legaue, а подоцна ги продолжила студиите на Институтот за убави уметности на Њујоршкиот универзитет. Со илустрирање на книги за деца се занимава од 1950-тите години до 1990-тите.

Подолу можете да ги погледнете нејзините илустрации за сликовницата „Really Spring“ на Џин Зион, објавена 1956 година.

Извор: myvintagebookcollectioninblogform.blogspot.com