Прашувалки (2)

11.08.2015 04:32
Прашувалки (2)

Варени јајца во кревет

За што служи папокот?
- За солта, кога во кревет јадете варени јајца.

 

Куп шталско ѓубриво

Како да се извлече мува од кујна?
- Се истура куп шталско ѓубриво во дневната соба.

 

Кесичка чај

Што влегува суво, излегува влажно, и задоволува двајца?
- Кесичка чај.

 

Едно око?

Што има дванаесет нозе, едно око и четири опаши?
- Три лилјаци и пола риба.

 

Најдлабоката книга

Која е најдлабокота книга кога било напишана?
- „Дваесет илјади милји под морето“ од Жил Верн.

Газот-меридијан

Што е врв на суетата?
- Да ја сметаш линијата меѓу твоите сопствени половини на газот за почетен меридијан на планетарниот систем.

 

Како се тушираат рибите?

Како се тушираат рибите?
- Скокајќи од водата кога врне дожд.

 

Има причина

Што значи кога мажот купува цвеќе без посебна причина?
- Значи дека има причина.

 

Шкотски туш

Што е пипета?
Шкотски туш.

Носач на авиони

Што е небо?
Носач на авиони.

 

Бигамист

Што е бигамист?
Љубител на споредби.

 

Пријатноста на младиот пар

Што на младиот пар му е попријатно од виски со сода?
- Виски со софа.

 

Триесет и пет

Треба ли жените да имаат бебиња после 35?
- Не, 35 бебиња се доста.

 

Проширени вени, сино

Што е тоа мало, црно, со сини риги?
- Мува со проширени вени.

Сè уште не сум!

Што напишала љубителката на пластични операции кога ја прашале дали е невина?
- Сè уште не сум!

 

Библиотека

Кога мажот почнува да ги чита жените како книга?
- Кога е премногу стар за да создава библиотека.

 

Причина за развод

Која е најчестата причина за развод?
- Бракот.

(продолжува)

Кон првиот дел

Гифови: James Kerr

Слични содржини

Книжевност / Уметност
Книжевност / Уметност
Книжевност / Уживање / Култура
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура

ОкоБоли главаВицФото